Пукањето во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград се случило на 3 мај 2023 година, кога ученик отворил оган врз учениците и вработените во основното училиште во Општината Врачар во Белград, Србија, убивајќи десет лица — девет ученици и еден чувар. Полицијата го уапсила напаѓачот што имал 13 години, кој според српскиот закон не може да биде кривично гонет. Момчето користело два пиштоли што биле законски во сопственост на неговиот татко.
Во Србија била прогласена тридневна жалост од 5 до 7 мај 2023 година.
Напад мини|300x300пкс Пукањето започнало околу 8:36 часот по локално време, на 3 мај 2023 година. Според српското Министерство за внатрешни работи, напаѓачот откако влегол во основното училиште „Владислав Рибникар“, прво пукал во обезбедувањето, а потоа и во учениците што биле дежурни во ходникот. Тој потоа ја сменил рамката на пиштолот, влегол во училницата по историја каде прво пукал во наставничката, а потоа и во другите ученици. Осомничениот излегол во дворот, каде го испразнил пиштолот, и ја повикал полицијата во 8:42 часот. По пристигнувањето, полицајците го уапсиле. Напаѓачот бил вооружен со два пиштола, едниот од калибар 9 мм со три рамки, ивториот малокалибарски пиштол. Исто така со себе носел и четири молотови коктели, кои не ги искористил.
Напаѓачот бил утврден како ученик од седмо одделение на тоа училиште, тринаесетгодишен К.К. (роден 2009 година), а случајот бил проследен до Центарот за социјална работа, бидејќи минимална старост за кривична одговорност според законите во Србија била 14 години.
Напаѓачот убиствата ги извршил со два пиштоли што биле во сопственост на неговиот татко. Според соопштение на Министерството за внатрешни работи, тој го наумил делото најмалку еден месец претходно, а со својот татко одел на стрелиште каде вежбал гаѓање. Поводот не е познат, а напаѓачот бил опишан како повлечен и добар ученик.
Жртви
Пукањето резултирало со смрт на осум ученици — седум девојчиња и едно момче и чувар. Според француското Министерство за надворешни работи, еден од починатите ученици бил француски државјанин. Покрај тоа, шест ученици и една учителка биле повредени. Од повредените, две момчиња и едно девојче биле пренесени на Универзитетската детска болница. Момчињата се здобиле со прострелни рани на долните екстремитети, додека девојчето се здобило со тешка повреда на главата и морало да се оперира. Подоцна било пријавено дека момчињата и учителката се во стабилна состојба, a девојчето починало на 15 мај, дванаесет дена подоцна.
Заднина
Србија има строги закони за оружје, но сепак има една од највисоките стапки на поседување оружје во Европа. Нелегалното оружје е широко распространето на Западен Балкан по војните во Југославија. Во 2018 година, со проценети 39.1 пиштоли во приватна сопственост на 100 луѓе, Србија била трета рангирана земја во светот во оваа статистика, заедно со Црна Гора, зад Соединетите Американски држави и Јемен. Масовните пукања се ретки во Србија.
Последици
Владата на Србија во 13.15 часот по локално време одржала вонредна седница. Прогласена е тридневна жалост. Наставата во сите училишта била прекината до крајот на денот, а наставата во училиштето „Владислав Рибникар“ била прекината до 10 мај, после што училницата во која било извршено делото, не била во употреба.
И двајцата родители биле уапсени брзо по пукањето, при што таткото бил задржан во притвор 30 дена. Напаѓачот бил сместен на Клиника за невропсихијатрија.
Реакции Стотици граѓани, родители и ученици на основното училиште се собрале околу училиштето по пукањето. Граѓаните на другите градови ширум Србија исто така се собирале за да укажат чест кон настраданите.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, предложил нови мерки, меѓу кои и намалување на кривичната одговорност од 14 на 12 години.
Владата на Црна Гора го прогласила 7 мај за ден на жалост.
Кошаркарите од клубот Партизан на плеј-оф натпреварот од Евролига, наредниот ден, 4 мај, носеле црни дресови во чест на жртвите.
Српскиот глумец Жарко Лаушевиќ напишал песна посветена на жртвите.
Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ понудил да ги плати трошоците за закоп на сите убиени во пукањето, сепак градот Белград го организирал и платил за погребот.Вести на n1info.rs
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Масовни пукања во Србија Категорија:Злосторство во Србија Категорија:Пукање во училиште