Ферхан Хасани (; роден на 18 јуни 1990 година, во Тетово) ― македонски фудбалер од албанско потекло, напаѓач, кој моментално е без клуб.

Кариерата ја започнал во Шкендија Тетово, во која се враќал уште двапати во својата кариера. Освен за Шкендија, тој играл и за клубови надвор од Македонија во неколку различни држави како Германија, Данска, Саудиска Арабија, Финска и Албанија.

Своето деби за репрезентацијата на Македонија го имал на 22 декември 2010 година, во пријателски натпревар против Кина. Подоцна, тој ја претставувал земјата на Европското првенство 2020.

Биографија Хасани е роден во Тетово, СР Македонија, од семејство на етнички албанци. Како дете, Хасани пораснал со прекарот Буба затоа што бил побрз со топката за разлика од неговите врсници.

Својте први фудбалски чекори, Хасани ги направил во екипата на Шкендија на која и се приклучил на 8-годишна возраст во 1998 година.

Клупска кариера

Шкендија Кога Шкендија била во Втората лига, Хасани добила шанса да игра за сениорската екипа на 17 години. Во втората од неговите две сезони со сениорската екипа, Хасани постигнал 13 гола на 27 натпревари, со што се наметнал како најдобар напаѓач во екипата и дал важен придонес во сезоната 2009-2010, за тоа Шкендија да избори промоција во Првата македонска лига.

Тој станал миленик на навивачите постигнувајќи гол од слободен удар против ривалот Вардар во последниот натпревар од сезоната 2010-2011. На полувремето од натпреварот против Металург, Хасани бил претставен како најдобар играч за сезоната.

По добрата сезона се појавиле шпекулации дека хрватскиот клуб Хајдук Сплит и германскиот клуб Волфсбург, биле заинтересирани за потписот на напаѓачот, како и холандскиот Гронинген и Гент од Белгија. Сепак, тој останал во Шкендија и во првата половина од следната сезона 2011-2012. Сезоната за него започнала добро сè додека не заработил повреда, која го оддалечила од терените до втората половина од годината. Хасани дал пет гола и осум асистенции до зимската пауза.

Волфсбург На 16 декември 2011 година, Хасани потпишал тригодишен договор со Волфсбург, приклучувајќи му се на германскиот клуб од Првата Бундеслига на почетокот на 2012 година. Тренерот на Волфсбург, Феликс Магат, изјавил дека новите аквизиции Хасани и Слободан Медојевиќ се „двајца млади играчи кои одиграа исклучително добро во нивните лиги и се таленти од кои очекуваме да бидат големи играчи“.

На 30 септември 2012 година, Хасани го направил своето деби за Волфсбург, влегувајќи во игра во 45-тата минута против Мајнц 05.

За време на зимскиот трансфер период од сезоната 2012-2013, Хасани привлекол интерес од хрватскиот клуб Динамо Загреб. Било објавено дека Волфсбург и Динамо ги договориле условите и останувале да се извршат само медицинските тестови на 25 јануари. Тренерот на Динамо, Круно Јурчиќ изјавил: „Тој е крилен напаѓач кој може да игра на двете страни и тој е играч кој ни треба. Сум го видел кога работев за репрезентацијата на Хрватска и ја скаутирав Македонија, па кога дојде прилика да го ангажираме, не се двоумевме“. Но, сепак трансферот пропаднал.

Со намалувањето на составот на Волфсбург и недостиг на голема минутажа, Хасани побарал да си замине за време на летото, а интерес за него пројавиле Динамо Дрезден и Брондби.

Брондби На 2 септември 2013 година, Хасани одлучил да се приклучи на Брондби. Според данските медиуми, сумата на трансферот изнесувала 260 илјади евра. Тој потпишал двегодишен договор и бил претставен со дресот со број 22. Хасани дебитирал на 15 септември 2013 година и го постигнал својот прв гол по само две минути игра, победничкиот во успехот против . На 1 декември 2013 година, постигнал гол од слободен удар од 25 метри против градскиот ривал ФК Копенгхаген.

Во 23-тото коло во Суперлигата на Данска, Хасани заработил повреда на коленото, поради која бил надвор од акција за следните три натпревари. На 18 април, тој добил дозвола да се врати за натпреварот против Сендерјиске. Ферхан влегол од клупата за резерви во 70-тата минута, а во 88-мата минута го постигнал третиот гол за Брондби во натпреварот, со удар со десната нога во десниот агол покрај голман на Сендерјиске.

По успешната претсезона, во која постигнал гол против Ливерпул, Хасани претрпел нова повреда, пропуштајќи го почетокот на сезоната. На 7 декември, Хасани се вратил кога Брондби го победил Силкеборг со 1–0. Хасани го постигнал голот на 50-годишнината од постоењето на Брондби и имал успешна сезона со клубот кој завршил на третото место во Суперлигата.

Враќање во Шкендија По завршувањето на неговиот двегодишен договор со Брондби, агентот на Хасани, Фали Рамадани и клубот не можеле да се договорат за нов договор што резултирало со заминување на Хасани во текот на летниот трансферен период. На Ферхан му било подарено цвеќе од страна на клубот кога Брондби биле домаќини на Есбјерг во последното коло од данската сезона.

Хасани потпишал тригодишен договор со Шкендија, во која се вратил по повеќе од три години.

Во сезоната 2017-2018, Хасани ја предводел Шкендија до освојување на лигата и купот. На 27 натпревари постигнал 22 гола и забележал 15 додавања. По завршувањето на договорот, било најавено дека Хасани ќе си замине од Шкендија, а најголем интерес за него постоел од Галатасарај.

Ал-Раед На 17 август 2018 година, Хасани ги договорил личните услови и потпишал за клубот од Саудиска Арабија, Ал-Раед. Во клубот поминал една сезона во која вкупно во првенството и купот забележал 26 настапи и 3 гола.

Хелсинки и Партизани На 18 октомври 2019 година, ХЈК Хелсинки го објавил потпишувањето на Хасани на едногодишен договор.

На 26 јануари 2021 година потпишал за албанскиот клуб Партизани Тирана.

Второ враќање во Шкендија На 6 јануари 2022 година повторно се вратил во Шкендија.

Хелсингер На 2 јуни 2023 година, Хасани потпишал двегодишен договор со Хелсингер, клуб од данската прва дивизија. Откако клубот испаднал на крајот од сезоната, во август 2024 година Хасани го напуштил клубот.Afslører: Ferhan Hasani er færdig i dansk klub, tipsbladet.dk, 26 August 2024

Репрезентативна кариера мини|150п|Хасани (лево) со македонската репрезентација во дуел со Јуриј Жирков од Русија во 2011 година. Хасани го направил своето целосно меѓународно деби на 22 декември 2010 година против Кина во пријателски натпревар. На крајот од фудбалската сезона, Хасани бил повикан во македонскиот состав за претстојниот натпревар со Ирска за квалификациите за Европското првенство 2012. Тој влегол како замена во десеттата минута, а Македонија загубила со 0–2 од Ирска. Откако Македонија во квалификациите теоретски изгубила пласман за Европското првенство 2012, Хасани бил повикан да игра за селекцијата до 21 година против Србија за квалификациите за Европското првенство за фудбалери до 21 година. Хасани бил клучен бидејќи постигнал гол за Македонија, што резултирало со нерешено 1-1.

На 29 февруари 2012 година, Хасани го постигнал својот прв гол на гостински пријателски натпревар против Луксембург кога Македонија претрпела пораз од 1–2.

Хронологија на репрезентативните настапи

Статистика на кариерата Клупска статистика

Репрезентативна статистика

Репрезентација Година Наст. Гол. Македонија 2010 1 0 2011 5 0 2012 8 1 2013 4 0 2014 1 0 2015 4 0 2016 3 1 Вкупно 26 2

Титули Шкендија

Прва македонска лига: 2 2010-2011, 2017-2018 Куп на Македонија: 2 2015-2016, 2017-2018 Суперкуп на Македонија: 1 2010-2011

Поединечни

Најдобар фудбалер во македонското првенство: 2011

Наводи

Надворешни врски

Профил во Macedonian Football

Категорија:Фудбалери од Бундеслигата Категорија:Фудбалери на ФК Волфсбург Категорија:Фудбалери на ФК Шкендија Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1990 година Категорија:Македонски иселеници спортисти во Финска Категорија:Иселеници фудбалери во Финска Категорија:Македонски иселеници спортисти во Саудиска Арабија Категорија:Иселеници фудбалери во Саудиска Арабија Категорија:Македонски иселеници спортисти во Данска Категорија:Иселеници машки фудбалери во Данска Категорија:Македонски иселеници спортисти во Германија Категорија:Иселеници фудбалери во Германија Категорија:Македонски иселенички фудбалери Категорија:Фудбалери на Европско првенство 2020 Категорија:Фудбалери во Првата фудбалска лига на Финска Категорија:Фудбалери во Саудиската професионална лига Категорија:Фудбалери во данската Суперлига Категорија:Фудбалери во Првата македонска фудбалска лига Категорија:Фудбалери на ФК Хелсинки Категорија:Фудбалери на ФК Ал-Раед Категорија:Фудбалери на ФК Брендби Категорија:Македонски фудбалски репрезентативци Категорија:Македонски фудбалски репрезентативци под 21 година Категорија:Македонски младински фудбалски репрезентативци Категорија:Фудбалски крилни играчи Категорија:Македонски Албанци фудбалери Категорија:Фудбалери од Тетово Категорија:Македонски фудбалери