Статуа на кралот Филип IV Шпански ― бронзена скулптура на италијанските уметници Џан Лоренцо Бернини и Џироламо Лученти која го прикажува Филип IV Шпански, која се наоѓа во базиликата „Голема Богородица“ во Рим.
Бернини го развил првичниот дизајн и го надгледувал проектот, додека Лученти го создаде моделот и ја излеал бронзата, но „статуата на секој начин е резултат на постапка кој вклучува последователни естетски и технички придонеси од двајцата уметници“.Ostrow, p. 104
Опис Кралот Филип IV е прикажан како војсководец во историска облека, облечен во кураса, наметка и чизми. Во десната рака држи жезол додека ја потпира левата рака на рачката од мечот. Неговата поза е доловена во претеран контрапостолен став, со главата свртена кон десно и погледот насочен надвор од подигнатиот жезол, создавајќи впечаток дека тој ќе издаде команда. Скулптурата го прикажува кралот како јунак, отелотворувајќи ги квалитетите на воин-крал и заштитник на католичката црква.Ostrow, p. 89
Местоположба Статуата се наоѓа во базиликата „Голема Богородица“ во Рим. По влегувањето во тремот, статуата е на десниот ѕид.Ostrow, p. 113
Историја Статуата првпат била предложена во 1643 година, но договор бил потпишан дури во 1664 година. Работата започнала истата година, а скулптурата била завршена во 1666 година.Ostrow, p. 98
Галерија
Поврзано
Список на дела од Џан Лоренцо Бернини
Наводи
Фусноти
Библиографија
Надворешни врски
Категорија:Бронзени скулптури Категорија:Скулптури од Џан Лоренцо Бернини Категорија:Координати кои не се на Википодатоците Категорија:Скулптури во Рим