Чемерика (, Ксиропотамос) — река во Драмско, Егејска Македонија.
Течение Реката извира јужно под врвот Кула (1.328 м) на планината Боздаг под името Чемерика. Тече на југоисток, па ја прима големата лева притока која доаѓа од Голомбар. Тука на грчки се нарекува Платанорема. Кај Равика излегува од планината и свртува на југозапад. Овде го носи турското име Куручај или на грчки Ксиропотамос, што значат сува река. Проаѓа низ градот Драма, двоејќи ги неговите пет јужни населби: Железничка (Синикија ту Статму), Лозенградска (Сарандаеклисиотика), Амбелокипи, Нова Станимака и Лачишта (Проастио). На крајот се влева во реката Драматица спроти предградијата Сандак Чифлик и Чај Чифлик.
Наводи
Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Струмски слив Категорија:Драма (општина)