Калина или Ружденска Река (наречена и Ѓуреџичка Река или Сушица; , Ксиропотамос) — река во Драмско, Егејска Македонија.
Път Реката извира на планината Штудер југоисточно над селото Руждене (Ѓуреџик). Тече на североисток и изегува во високата Ружденска Котлина, тече на исток и минува низ селото. Потоа навлегува во Ружденската Клисура меѓу Штудер на исток и Боздаг на запад. Ја прима левата притока Драгов Дол и свртува на југоисток. Потоа ја прима левата притока приток Мирино и свртува на југ. По ова следи лева притока Белен Дере (Врахорема), левите Џавлар Дере, (Агриорема) Арап Дере и Ѓулнаница и десната Сарп Гириз. Тука веќе го носи името Сушица или Куру Чај. Излегува од клисурата североисточно од селото Кобалишта, се насочува на југозапад, проаѓа источно од Кобалишта и се влева во реката Панега.
Наводи
Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Струмски слив Категорија:Неврокоп Категорија:Просечен