Ќој Дере — река во Зихненско, Егејска Македонија, притока на Драматица.

Реката извира во северниот дел на планината Кушница, источно над Ќупќој, источно под врвот Бухари (1435 м) под името Борданос (Μπορδάνος). Тече во северозападен правец. Тука на една од многубројните притоки има два камени моста — Солинарудскиот и Светиилискиот. Излегува од планината кај селото Ќупќој и продолжува на северозапад под името Клицокос. Проаѓа источно од селото Анџишта и зазема речиси северен правец под името Ќој Дере. Како таква се влева во Драматица како нејзина лева притока, северно од селото Станица Анџишта.

Поврзано Солинарудски мост Светиилиски мост

Наводи

Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Егејски слив Категорија:Кушница