Убиството на Џон Кенеди, 35-тиот претседател на САД, се случило на 22 ноември 1963 г. во 12:30 часот по месно време во „Дили Плаза“, Далас, Тексас, САД. Кенеди бил смртно ранет додека патувал со неговата сопруга Жаклин, гувернерот на Тексас Џон Конали и неговата сопруга Нели Конали, кои ја придружувале претседателската поворка. Десетмесечната истрага на комисијата „Ворен“ помеѓу 1963 и 1964 г. покажала дека претседателот бил убиен од Ли Харви Освалд, кој дејствувал сам, и дека Џек Руби исто така дејствувал сам кога го убил Освалд пред да му се судело. Сепак, анкетите спроведени помеѓу 1966 и 2004 г. покажуваат дека до 80 % од Американците се сомневаат дека тоа е владино прикривање.
Одборот за убиства на Претставничкиот дом на САД го тврдел спротивното, велејќи во 1979 г. дека претседателот Џон Ф. Кенеди веројатно бил убиен како резултат на заговор. Одборот открил многу недостатоци во првичната истрага на ФИБ и комисијата „Ворен“. Иако се согласувал со тврдењето на „Ворен“ дека Освалд ги испукал сите истрели во кои биле ранети Кенеди и гувернерот Конали, Одборот за убиства тврдел дека биле испукани најмалку четири истрели и дека е голема веројатноста дека имало двајца пукачи. Одборот не утврдил ниту еден поединец или група на луѓе вклучени во убиството освен Освалд, но рекол дека ЦРА, Советскиот Сојуз, организираното злосторство и неколку други групи не се вклучени, иако тие не ја негираат вмешаноста на поединечни членови на тие групи. Убиството сè уште е предмет на дебата и покренало многу теории на заговор.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:1963 година во САД Категорија:Убиство Категорија:Убиство на Џон Кенеди __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__