Крушевска Река или Крушовица (, Ахладорема; до 1969 г. Κρουσοβίτης, Κρούσοβο Ρέμα) — река во Драмско, Егејска Македонија, десна притока на Лештенска Река.

Реката извира под името Вангелина Река на границата со Бугарија, јужно под граничната пирамида бр. 130. Тече на југ излегува во мала котлина, во која се наоѓа поранешното село Крушево. Продолжува на југ и веднаш по стариот Крушевски мост се влева во Лештенска Река.

Наводи

Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Слив на Места Категорија:Бук