Фредрик Бајер (21 април 1837 - 22 јануари 1922) ― дански писател, учител и пацифист политичар кој ја добил Нобеловата награда за мир во 1908 година заедно со Клас Понтус Арнолдсон.

Живот Тој бил син на свештеник роден во Нествед во 1837 година. Бајер служел како офицер во данската војска, борејќи се во Втората шлезвишка војна во 1864 година против Прусија и Австрија каде што бил унапреден во чин прв поручник. Бил отпуштен во 1865 година и се преселил во Копенхаген каде станал учител, преведувач и писател.

Тој влегол во данскиот парламент во 1872 година како пратеник во Долниот дом и таму работел пследните 23 години. Како член на парламентот, тој работел за употреба на меѓународна арбитража за решавање на судири меѓу државите, а поради напорите на Бајер надворешните односи станале дел од работата на данскиот парламент и дека Данска учествувала во Меѓупарламентарниот сојуз од почетокот и заслужи истакната положба меѓу своите пратеници.Skou, Kaare R. (2005). Dansk politik A-Å . Aschehoug, p. 109. .Andersen, Holger (1953). "Den danske rigsdag og det interparlamentariske arbejde" in Fabricius, Knud; Bomholt, Jul.; Hjelholt, Holger; Mackeprang, M.; Møller, Andr. (eds.): Den danske rigsdag 1849–1949 bind VI. Copenhagen: J. H. Schultz Forlag, pp. 415–416.

Тој ја поддржал раната организација за право на глас на жените и многу мировни организации, вклучително и Меѓународното биро за мир, и внатре во Данска и ширум Европа, и помогнал во донесувањето на нацрт-законот за постигнување арбитражни договори со Шведска и Норвешка.

Цитат „Секогаш мора да имаме на ум дека правото треба да се замени за моќта, дека мора да се внимава да им служи на интересите на правото.Fredrik Bajer Quotations

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Добитници на Нобеловата награда за мир Категорија:Дански нобеловци Категорија:Починати во 1922 година Категорија:Родени во 1837 година Категорија:Пратеници во данскиот Втор дом 1892-1895 Категорија:Пратеници во данскиот Втор дом 1890-1892 Категорија:Пратеници во данскиот Втор дом 1887-1890 Категорија:Пратеници во данскиот Втор дом 1884-1887 Категорија:Пратеници во данскиот Втор дом 1881 (јули)-1884 Категорија:Пратеници во данскиот Втор дом 1881 (мај)-1881 (јули) Категорија:Пратеници во данскиот Втор дом 1879-1881 (мај) Категорија:Пратеници во данскиот Втор дом 1876-1879 Категорија:Пратеници во данскиот Втор дом 1873-1876 Категорија:Пратеници во данскиот Втор дом 1872-1873 Категорија:Луѓе од Нествед (општина) Категорија:Меѓупарламентарен сојуз Категорија:Дански машки писатели