Сјуца () — река во Гребенско, Егејска Македонија, десна притока на Бистрица.

Реката извира од Пинд, северно од врвот Зварнистра под името Ѕаруна (Τζαροΰνα), во 1969 г. сменето во Дјаволос (Διάβολος). Тече на север, по што свртува на североисток и образува јаз помеѓу Лимбинова Бигла од север и Кондојанова Чука од југ. Ја прима големата лева притока Мавромати и свртува на југоисток. Откако ќе излезе од планината, тече начелно на североисток се влева во Бистрица североисточно од селото Арап. Тука е вештачкото Иларионско Езеро.

Наводи

Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Притоки на Бистрица (Егејска Македонија) Категорија:Гребен (општина) Категорија:Дескати