Џума или Џумаја (, Харавги, до 1961 г. Αμύγδαλα, Амигдала, до 1928 Τζουμά, Ѕума) — село во Кајларско, Егејска Македонија, денес во општината Кожани на Кожанскиот Округ на областа Западна Македонија, Грција.

Географија Селото наоѓа во рамницата Сариѓол, во западното подножје на планината Каракамен.

Историја Османлиско време Своревемено Џума била најголема населба во Кајларската Каза и нејзино седиште. Кога Сариѓолското Блато почнало да се прошитува, се појавила маларија и седиштето е префрлено во Кајлари, поради што тоа почнало да расте повеќе.

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Џумаја (Djoumaya) било село во Џумалиската каза со 600 домаќинства од 1180 жители муслимани.

Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Џума:

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) в 1900 година Џумаја е турско село в Кајлярската каза со 850 жители Турци.

Според грчка статистика од 1904 г. во Џума (Τζουμά) живеат 700 Турци.Σπανός, Κωνσταντίνος. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001.

Во Грција По Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција. Во 1920-тите години турското население е иселено и на негово место се грчки доселеници од Мала Азија. Во 1928 г. селото е заведено како чисто дојденско, сочинето од 299 семејства на 1256 грчки доселеници. Истата 1928 г. селото е преименувано во Амигдала, а во 1961 г. во Харавги. Подоцна е преместено и почнува да се нарекува Нова Џума (Неја Харавги). Старото село Џума во 2011 година се води со 6 жители.

+ Места во заедницата Џума преименувани со службен указ на 31 јули 1969 година Име Име Ново име Ново име Опис Трипан Чаир Τρυπάν Τσαΐρ Ливади Λιβάδιмесност на ЈЗ од Џума Селме Σελμὲ Вриси Кардијас Βρύση Καρδιάς Бејка Μπέηκα Като Синикија Κάτω Συνοικία Трап Τράπ Амбелија Άμπέλια Грумуради Γκρουμουράδι Рема Ρέμαрека на СИ од Џума

Личности Родени во Џума Митко Атанасов (? – 1912) — учесник во Првата балканска војна во состав на Македонско-одринските доброволни чети, загинал на 5 ноември 1912 г. Теофилакт Георгијадис (р. 1951) — јордански архиепископ на Ерусалимската патријаршија Јероклис Михаилидис (р. 1960) — глумец

Други Соња Теодориду (р. 1958) — оперска пејачка по потекло од Џума

Наводи

Категорија:Кожани