Лазарица () — археолошко наоѓалиште кај селото Крецово, Кукушко, Егејска Македонија.
Ридот се наоѓа на 1,5 км северно од патот Кукуш - Ругуновец и на слично растојание северозападно од селото. Тука има остатоци од праисториска населба и значителен древномакедонски град од класично и хеленистичко време. Во подножјето на ридот е откриена некропола со гробови од типот циста. Во месноста Киреч веднаш јужно од Крецво на два ниски рида се пронајдени старини, прогласени за споменици на културата.
Во 1986 г. наоѓалиштето Лазарица е прогласено за заштитен споменик на културата, а во 1996 г. неговиот просторен опфат е проширен.
Наводи
Категорија:Археолошки наоѓалишта во Егејска Македонија Категорија:Градови во Античка Македонија Категорија:Споменици на културата во Кукуш (општина)