Кавалски Залив () — залив на Егејското Море во источна Егејска Македонија. Раздвоен е од т.н. Тракиско Море со островот Тасос. На неговиот брег излегуваат традиционалните краишта Правишко, Кавалско и Саришабанско.

Географија Заливот се протега од ’ртот Врасида на југозапад до ’ртот Керемидли на југоисток. Широк е 28 км и навлегува 12 км во правец на копното. Има полукружен облик со благи подводни косини кои стануваат пострмни близу брегот. Просечната длабочина изнесува 32 м, а најголемата е 60 м во подрачјето западно од Тасос. Од тој остров одвоен е со Тасоскиот Проток, широк 13,5 км).

Стопанска улога и екологија Градот Кавала е сместен приближно во средината на заливскиот брег. Западно од него се туристичките населби како Кале Чифлик и Нова Ираклица, а на исток има индустриски капацитети и земјоделски површини. Во источниот дел од заливот има и низа лагуни. Загадувањето доаѓа од градскиот отпад на Кавала и други крејбрежни места, од земјоделството, од фабриката за фосфатни ѓубрива и од вадењето нафта.

Наводи

Надворешни врски Поморска карта на Кавалскиот Залив со неговите пристаништа

Категорија:Заливи во Егејска Македонија Категорија:Заливи во Егејското Море Категорија:Тракиско Море Категорија:Кавала (округ)