Перен ― втор планински врв по височина со 1.326 метри на планината Козјак сместена во североисточниот регион на Македонија.

Местоположба Врвот се наоѓа во околината Дејловце, во Општина Старо Нагоричане. Во близина на Перен се наоѓаат селата: Длабочица, Арбанашко и Цветишница.

Знаменитости Самиот врв е ридест и е пасиште, со ниска вегетација и грмушки. Има облик на заоблено било и е лесно препознатлив бидејќи на него има репетиторни станици. На врвот има табла со назив на врвот и надморска височина.

Достапност Поради потребите за одржување на репетиторните станици, до врвот води колски пат по кој може да се стигне со велосипед и со теренско возило. Под самиот врв поминува асфалтен пат кој води до околните села. Од патот до врвот има околу 1 км пешачење.

Разно Во февруари 2015 година, планинарите од ПК „Козјак“ се искачиле на врвот во чест на починатиот претседател на Македонија, Борис Трајковски.

Врвот бил искачен во јануари 2020 година, од страна на Планинарското друштво Трансверзалец. Искачувањето било во рамките на нивниот планинарски проект „12 Врвови“.

Поврзано

Длабочички Водопад Отошничко Езеро

Наводи

Категорија:Козјак (Козјачија) Категорија:Врвови во Македонија