Споменик на Христо Узунов — споменик кој е поставен на локацијата позната како „Ловец“ во центарот на Скопје. Споменикот бил поставен како дел од т.н. проект Скопје 2014.

Овој споменик е направен во чест на истоимениот македонски учител, војвода и реонски началник на четите на македонската револуционерна организација во Охридскиот револуционерен округ.

На конкурсот што го распиша општина Центар за идејно решение на паметникот се јавиле 25 автори. Прва награда од 200.000 денари добил Сокол Цфарку, втора од 120.000 денари - Ангел Коруновски, а трета од 60.000 денари - Билјана Алексоска Треневска.

Спомен-обележјето е поставено во раните утрински часови на осми април 2013 година

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Споменици во Скопје Категорија:Македонски дела од 2013 година