Земјите-членки на ООН преговараат за освојување на правно обврзувачки меѓународен договор за пластика кој ќе се однесува на целиот животен циклус на пластиката, од нејзиниот дизајн до производство и отстранување. На 2 март 2022 година, земјите-членки на ОН гласале за продолжување на петтото собрание за животна средина на ОН (UNEA-5.2) за формирање Меѓувладин преговарачки комитет (МПК) со мандат за унапредување на правно-обврзувачки меѓународен договор за пластика. Резолуцијата е насловена како „Крај на загадувањето со пластика: кон меѓународен правно обврзувачки инструмент“.
Времеплов По UNEA-5.2, мандатот прецизира дека Меѓувладиниот преговарачки комитет (МПК) морал да ја започне својата работа до крајот на 2022 година со цел „да се комплетира нацрт-глобален правно обврзувачки договор до крајот на 2024 година“.
Работата кон договорот започнала со состанокот на ад хок отворена работна група (OEWG) во Дакар, Сенегал од 30 мај до 1 јуни 2022 година За време на тој состанок, земјите-членки утврдиле временска рамка за одржување на следните состаноци до крајот на 2024 година, деловник за работа и првичниот обем на работа за првиот состанок на Меѓувладиниот преговарачки комитет (МПК).UNEA Resolution 5/14 – End plastic pollution: Towards an international legally binding instrument*
Првиот состанок на преговарачкиот комитет (МПК-1) се одржал во Пунта дел Есте, Уругвај во периодот од 28 ноември 2022 година до 2 декември 2022 година. Дневниот ред содржел точки меѓу кои и формално усвојување на деловникот. Учествувале преку 2.300 делегати од 160 земји.IISD Summary report, 26 November – 2 December 2022 Вториот состанок на преговарачкиот комитет (МПК-2) требало да се одржи во Париз, Франција во периодот од 29 мај 2023 година до 2 јуни 2023 година.UNEP Second session of Intergovernmental Negotiating Committee to develop an international legally binding instrument on plastic pollution
До крајот на 2024 година се планирани уште три средби. Кенија, Канада и Република Кореја понудиле да бидат домаќини на МПК-3, МПК-4 и МПК-5. Во 2025 година, договорот треба да биде финализиран на конференцијата на ополномоштените претставници, со Еквадор, Перу, Руанда и Сенегал како потенцијални домаќини IISD Negotiations on a Global Plastics Treaty Get Underway
Содржина Членовите се согласиле дека договорот ќе биде меѓународен по обем, правно обврзувачки и треба да се однесува на целосниот животен циклус на пластиката, вклучувајќи го и нејзиното дизајнирање, производство и отстранување. Според договорот, ќе треба да се пронајде решение и за хемикалиите содржани во пластиката, како што се адитиви, помагала за обработка и ненамерно додадени супстанции.
Поддршка за договорот Пред УНЕА-5.2, мнозинството земји-членки на ООН ја изразиле својата поддршка за унапредување на глобален договор. Други групи кои постојано даваат јавни изјави за потребата од договор го вклучуваат бизнис секторот, граѓанското општество, домородните народи, работниците, синдикатите, собирачите на отпад и научниците.
Наводи
Надворешни врски Резолуција усвоена од Собранието на Обединетите нации за животна средина на 2 март 2022 година – 5/14. Крај на загадувањето со пластика: кон меѓународен правно обврзувачки инструмент
Категорија:Загадување Категорија:Пластика