Трето послание на апоастол Јован — третото од Јовановите посланија во Новиот завет, припишана на Јован Евангелист, кој денешните теолози го сметаат за различен од апостолот Јован Богослов. Нему традиционално му се припишуваат Евангелието според Јован и двете други Јованови посланија. Третото послание е лично писмо од „Презвитерот“ или „Старешината“ до некојси Гај, препорачувајќи му група христијани под водство на Димитриј, дојдени да го шират словото во крајот кајшто живее Гај. Писмото има за цел да го охрабруи и зајакне Гај, и да го предупреди за Диотреф, кој одбива да соработува со авторот на писмото.

Раните црковни списи не го спомнуваат ова послание, кое за прват се споменува во средината на III век. Овој недостаток од документираност, иако веројатно поради краткоста на писмото, предизвикал сомнеж за неговата веродостојноста меѓу раните црковни дејци, што траело сè до неговото конечно прифаќање во V век, заедно со останатите Јованови посланија. Јазикот во 3 Јован го одразува јазикот на Евангелието според Јован, за кое се смета дека е напишано околу 90 г. Затоа, посланието веројатно е напишано кон крајот на I век. Други го оспоруваат ова гледиште, како на пример библистот Џон Робинсон, кој смета дека е напишано во 60–65 г.John A. T. Robinson, chap. IX Местото во кое е напишано е непознато, но традицијата смета дека тоа е градот Ефес. Посланието се среќава во многу од најстарите ракописи на Новиот завет, и нема позначајни разлики или текстуални варијанти.

Содржина Во 3 Јован не се изложува учење, кое е писмо од строго лична природа, но општо земено говори за важноста на гостопримството, особено кога станува збор за луѓе што го шират словото. Третото послание на Јован е најкратката книга од Библијата по бројот на зборови, иако 2 Јован има помалку стихови.Painter, 361 3 Јован има 15 стихови во Стандардната македонска верзија,3 Јован 1,15 — Стандардна македонска библија со девтероканонски книги „Новиот завет на нашиот Господ Исус Христос“, во: Свето писмо на Стариот и на новиот завет (трето издание). Свиндон: Британско и инострано библиско друштво, Скопје: Македонска книга, 1998, стр. 190. или 14 во Textus Receptus.3 Јован 1,14: Textus Receptus (грчки)

Ова е единствената книга од Новиот завет во која не се среќаваат имињата „Исус“ и „Христос“. Во стих 7 се спомнува „Неговото име“ (грч. Ὀνόματος) и се однесува на Христовото имет, но самиот текст не го кажува името.Brown, 727

Поздрав и вовед Писмото е упатено на човек по име Гај.Stott, 217 Изгледа дека Гај бил богат човек, бидејќи авторот на посланието не смета дека го оптоварува со тоа што го замолува да биде домаќин на патувачките проповедници.Dodd, 156 Веројатно е дека Старешината го има преобратено Гај во христијанство бидејќи вели дека го смета за негово чедо во верата. „Апостолските устави“ VII.46.9 забележуваат дека Гај бил назначен за епископ на Пергам, иако за ова не наоѓаме докази од тоа време.

Името Гај се спомнува уште четири пати во Новиот завет. Прво се споменува христијанинот Гај како сопатник на Павле во Македонија, заедно со Аристарх (Дела 19,29). Во следната глава се спомнува Гај од Дерва како еден од седумте Павлови сопатници кој го чекал во Троада (Дела 20,4). Потоа се спомнува Гај од Коринт кој е еден од малкумината таму (другите се Крисп и домот на Стефанин) покрстени од Павле кога ја основал тамошната црква (1 Коринтјаните 1,14). Последното спомнување на Гај е во прошталниот дел на Посланието до Римјаните (Римјаните 16,23) како негов „домаќин“ и домаќин на целата црква, во градот од кајшто пишува Павле (веројатно Коринт). Меѓутоа, нема основа да се смета дека споменатите личности се Гај од 3 Јован.Stott, 217–218

Стих 2 Возљубен, се молам да бидеш здрав и во сѐ да ти биде добро, како што ѝ е добро на душата твоја.3 Јован 1,2 Овој стих, каде авторот на Гај му пожелува материјална благосостојба како што е благосостојбата на неговата душа често се наведува како „доказ“ во протестантските кругови кои учат на благосостојбена теологија. Противниците на ова учење во овој стих гледаат само обично добропожелување.

Мисионери Старешината го продолжува писмото со пофалба за верноста на Гај и неговата гостопримливост кон патувачките „браќа“.Painter, 371 „Браќата“ се браќа во верата или мисионери, кои според Исусовата заповед во Марко 6,8-9 тргнале на патување без да носат пари.Dodd, 160 Старешината потоа го замолува Гај да ги обезбеди браќата да продолжат на нивото патување.

Противењето на Диотреф Старешината потоа го опишува неговиот судир со Диотреф, кој не ја признава надлежноста на Старешината и ги изопштува оние како Гај кои ги примаат мисионерите испратени од Старешината.Painter, 374–375 Во стих 9 Старешината спомнува претходно писмо кое го упатил на црквата, но Диотреф го отфрлил, поради што сака да ја посети црквата и лично да се соочи со него.Painter, 374–375; Stott, 227 „Црквата“ очигледно му е позната на Гај, но веројатно не е нејзин член, бидејќи тогаш Старешината не би морал да го известува за постапките на Диотреф. Спорот помеѓу Диотреф и Старешината е околу водството а не учењето, бидејќи Старешината не го обвинува Диотреф дека подучува на ерес.Dodd, 165

Највеќето стручњаци не го поврзуваат споменатото писмо со 2 Јован, бидејќи 3 Јован воопшто не го спомнува спорот со кривоверците опишан во 2 Јован, туку сметаат дека ова претходно писмо е некаква препорака.Dodd, 160; Painter, 363 Меѓутоа, Џон Пејнтер смета дека Старешината всушност се повикува на 2 Јован, поради совпаѓањето на 2 Јован 9 и темата за гостопримство во 3 Јован.Painter, 374–376

Старешината го завршува овој дел со молба до Гај: „Возљубени, не угледувајте се на зло­то, туку на доброто. Кој добро чини, од Бога е; а кој прави зло, не Го видел Бо­га.“3 Јован 11 Ова предупредување потсетува на неколку пасуси во 1 Јован (2,3–5, 3,4–10, 4,7).Dodd, 165–166

Завршни поздрави и заклучок Во стих 12 е претставен Димитриј, кој според „Апостолските устави“ VII.46.9 бил ракоположен од Јован за епископ на Филаделфија (денешен Аман, Јордан).Dodd, 166 Димитриј веројатно бил еден од мисионерите за кои се раскажува претходно во текстот, а 3 Јован веројатно служи како препорака до Гај за Димитриј. Ваквите писма со препораки биле чести во раната црква, како што може да се види од 2 Коринтјаните 3,1, Римјаните 16,1–2 и Колосјаните 4,7–8.

Пред да заврши, Старешината вели дека има уште многу што да му каже на Гај, и има намера да лично дојде кај него, користејќи речиси истоветни зборови како во 2 Јован 12.Painter, 380 Завршниот стих „Мир за тебе! Те поздравуваат прија­телите. Поздрави ги пријателите по име“ е типично за тогашното допишување. „Мир за тебе“ е израз кој христијаните го усвоиле од Евреите.Dodd, 168

Авторство Ова послание речиси сигурно е дело на истиот човек кој го напишал 2 Јован, а веројатно и 1 Јован.Brooke, lxxiii, lxxv Оваа личност може да е самиот Јован Богослов или некој друг, како Јован Старешината, иако библистот Ч. Х. Дод смета дека нема доволно доказен материјал за да се нагаѓа идентитетот на авторот.Dodd, lxix.

Постојат многу сличности помеѓу 2 и 3 Јован. Обете го следат форматот на останатите лични преписки од оа време; во обете авторот се нарекува себеси „Презвитерот“ или „Старешината“ и обете го обработуваат гостопримството и споровите во црквата.Painter, 56 Тие исто така имаат многу слична должина, веројатно за да не надминат еден лист.

3 Јован е јазично сличен со 2 Јован и другите Јованови дела. Од 99-те различни зборови кои се користат, 21 се неважни зборови како свзници и членови, а 78 се значајни. 23 од нив ги нема во 1 Јован или Евангелието според Јован, а од нив четири се присутни само во 3 Јован, еден го има само во 2 и 3 Јован, а два се среќаваат и во 2 и во 3 Јован, како ив одруги новозаветни текстови. Приближно 30 % од значајните зборови во 3 Јован отсуствуваат во 1 Јован и евангелието, споредено со 20 % за 2 Јован.Dodd, lxii Овие согледувања укажуваат на блиска врска помеѓу 2 и 3 Јован, иако 2 Јован е посилно сврзна со 1 Јован отколку со 3 Јован.Dodd, lxvi Мал број библисти не се согласуваат со авторството на 2 и 3 Јован, а Рудолф Бултман сметал дека 2 Јован е фалсификат заснован на 3 Јован.Brown, 15–16

Но ако 3 Јован е дело Апостол Јован, провитењето на Диотреф би било чудно бидејќи апостолите биле високо почитувани во раната црква.Schnackenburg, 270 Една алтернатива за авторството произлегува од фрагмент напишан од Папиј Јераполски и цитиран од Евсевиј, каде се спомнува човек по име „Старешината Јован“. Но бидејќи за оваа личност не се знае ништо, не можеме да ја поистоветиме со авторот на 3 Јован.Schnackenburg, 268–269

Време и место на пишување Сите три посланија на Јован веројатно се напишани во рок од неколку години. Внатрешните докази укажуваат на тоа дека се напишани по Евангелието според Јован, што би значело некаде во втората половина на I век.Brown, 100–101 Ова датирање е логично земајќи предвид дека го обработуваат гностичкото и докетистичко учење против полната човечност на Христа, кое зело замав во I век.Brown, 101

Дод аргументира во полза на датирање помеѓу 96 и 110 г. Бидејќи во посланијата не се спомнуваат прогони, тој смета дека се напишани по суровото владеење (81–96 г.) на римскиот цар Домицијан, чиј прогон на христијаните го поттикнал пишувањето на Откровението. Меѓутоа, Дод вели дека можно е посланијата да се напишани пред времето на Домицијан, што е веројатно ако авторот е личен ученик на Исус.Dodd, xxviii–lxix, lxx–lxxi Маршал дава датирање помеѓу 60-тите и 90-тите.Marshall, 48 Ренсбергер вели дека веројатно се напишани околу 100 г., претпоставувајќи дека Евангелието според Јован е напишано во 90-тите, по што би следеле посланијата. Браун ги сместува меѓу 100 и 110 г. и вели дека писмата се пишувани на кратко временско растојание. Се смета за малку веројатно дека посланијата се напишани по 110–115 г. бидејќи Поликарп и Папиј веќе цитираат делови од 1 Јован и 2 Јован.Rensberger, 29–30; Brooke, lviii

Писмата не го спомнуваат местото на пишување, но се смета за веројатно дека тоа е некаде во Азија бидејќи најраните цитати од нив (во делата на Поликарп, Папиј и Иринеј) доаѓаат од Мала Азија.Dodd, lxvii Црковната традиција вели дека се напишани во градот Ефес.Rensberger, 30

Ракописи 3 Јован е зачуван во многу од старите ракописи на Новиот завет. Од грчките ракописи, Синајскиот, Александрискиот и Ватиканскиот ги содржат сите три Јованови посланија, додека Ефремовиот ракопис го содржи 3 Јован 3–15 заедно со 1 Јован 1,1–4. Иако ги нема највеќето Соборни посланија. Безиниот ракопис го содржи 3 Јован 11–15 во латинскиот превод. На други јазици, Вулгатата и коптската, ерменската, филоксенската сириска и етиопската верзија ги содржат сите три посланија.Plummer, 63–64 Between the different copies there are no major difficulties or differences, meaning that there is very little doubt over determining the original text.Brooke, lxiv

Канонска историја Постојат извесни спорни сличности помеѓу Јовановите посланија и делата на Поликарп Смирнски и Папиј,Schnackenburg, 274 но најрано со сигурност се споменуваат во доцниот II век.Brown, 5 Во делото „Против ересите“ 3.16.8 (околу 180 г.) Иринеј Лионски го цитира 2 Јован 7-8, а во следната реченица и 1 Јован 4,1-2, но не прави разлика меѓу 1 и 2 Јован; не го цитира 3 Јован.Brown, 9–10 Мураториевиот канон наведува само две Јованови посланија,Dodd, xiv иако можно е да се протолкува како да наведува три.Marshall, 48–49 Тертулијан (†215) многу пати се повикува на 1 Јован. Климент Александриски, покрај повикувањето на 1 Јован, напишал егзегеза на 2 Јован во неговото дело „Оцрти“ (Adumbrationes).Brown, 10 Сите три Јованови посланија биле признаени во 39. велигденско послание на Атанасиј Александриски, Хипонскиот синод (393) и Картагинскиот собор (397). Покрај ова, Дидим Слепиот напишал егзегеза на сите три посланија, што значи дека тие веќе се сметале за една целина во почетокот на V век.