Иван Кујунџиев (во — во близина на ) — македонски револуционер.

Животопис После извршениот деветтојунски вооружен ноќен преврат изведен под директиви на Царот Борис III, од страна на организацијата на офицерите "Воениот сојуз" со учество и на ВМРО Автономистичка предводена од Тодор Александров и Александар Протогеров, четниците на Тодор Александров од полицијата имале дозвола кого сакаат да вадат од затвор, а при тоа ги ликвидирале на непознати места. Во издавањето на овие наредби главно учество земал зетот на Тодор Александров - Михаил Монев (кого Македонците го нарекувале „Црниот Монев“), тутунскиот трговец од Неврокоп Стојан Филипов, како и Анго Попов (наречен „делибаша“) кој бил назначен за пунктов началник на ВМРО (Автономистичка) за Пловдив.

Летото 1923 година, деветтојунските власти го извадиле од затвор Иван Кујунџиев и им го предале на царските автономисти. Тие го однеле во непознат правец и го убиле, бидејќи им го оспорувал правото на царските луѓе да се служат со името на ВМРО.

Поврзано

Георги Кујунџиев (син на Иван)

Белешки

Наводи

Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Убиени по наредба на Тодор Александров Категорија:Македонски преселници во Софија