Послание на апостол Јуда — последното послание во Новиот завет. Традиционално му се припишува на апостолот Јуда, брат на Исус и апостолот Јаков Праведниот.
Ова кратко послание е напишано на коински грчки. Во него жестоко се осудуваат извесни луѓе кои авторот ги гледа како закана за ранохристијанската заедница, но оние противници ги опишува само во општи црти. Според Јуда, противниците се наоѓаат во самата христијанска заедница, но не се вистински христијани: тие се подбивачи, лажни учители, незадоволници, предадени на похотите итн. Посланието ги уверува читателите дека на таквите Бог наскоро ќе им суди. Можно е овие луѓе да им биле познати на примачите на посланието, но денес тоа е нејасно. Вели дека овие противници ги омаловажуваат ангелите и нивната улога. Ако тоа било во нивната идеологија, тогаш можно е дека ова послание е во противтежа на Посланието до Колосјаните. Во Колосјаните се осудуваат оние што непотребно ги обожаваат ангелите; ова би значело дека тие посланија се дел од ранохристијански спор околу ангелологијата.
Авторство Посланието почнува со претставување на авторот: „Јуда, слуга на Исус Христос, а брат на Јаков“. Се смета дека „Јаков“ се однесува на Јаков, истакнат водач во раната црква. Во тоа време луѓето се претставувале со името на таткото, и фактот што овде се спомнува брат значи дека тој е прочуена личност во заедницата. За самиот Јуда се знае мошне малку. Традиционално се смета дека бил брат на Исус, бидејќи и Јаков се нарекува брат на Исус. Поради ова Климент Александриски (~150–215 г.) во неговото дело „Осврт кон Посланието на Јуда“ вели дека авторот Јуда е син на Јосиф и брат на Исус."Jude wrote the Catholic Epistle, the brother of the sons of Joseph, and very religious, while knowing the near relationship of the Lord, yet did not say that he himself was His brother. But what said he? "Jude, a servant of Jesus Christ,"—of Him as Lord; but „брат на Јаков“. For this is true; he was His brother, (the son) of Joseph." Меѓутоа, постои несогласување околу значењето на поимот „брат“ — дали е чедо на истите родители, полубрат, братучед или роднина. Оваа расправа добила на повеќе значење со развојот на доктрината за Безгрешното зачетие.Jocelyn Rhys, Shaken Creeds: The Virgin Birth Doctrine: A Study of Its Origin, Kessinger Publishing (reprint), 2003 , pp 3–53Chester, A and Martin, RP (1994), 'The Theology of the Letters of James, Peter and Jude', CUP, p.65 На пример, Јероним Стридонски сметал дека и Марија и Јосиф биле невини цел живот, што би значело деја Јаков и Јуда се братучеди на Исус.
Вон ова посланието, Новиот завет го спомнува името „Јуда“ на пет наврати: трипати Апостол Јуда (Тадеј),Лука 6,16, Дела 1,13, Јован 14,22 — Стандардна македонска библија со девтероканонски книги и двапати Јуда, братот на ИсусМатеј 13,55, Марко 6,3 (покрај спомнувањата на Јуда Искариот и Јуда, синот на Јаков). Останува спорно дали автор на посланието е апостолот, братот на Исус, двајцата или ниеден од нив. Некои велат дека не може да стане збор за Апостол Јуда бидејќи во писмото тој не се нарекува така, а нарекува други лица апостоли. Други го држат спротивниот став — дека еден апостол нема потреба сам себеси да се нарекува така.
Причината за сомнеж дека ова е дело на Исусов роднина е малата веројатност дека тој бил писмен. Исусовото семејство се состоело од обични работници од Галилеја кои говореле арамејски, а во тоа време писменото изразување било речиси исклучиво за елитата. Малкумина умееле да читаат, уште помалку можеле да пишуваат, а многу малку биле способни да пишуваат сложени книжевни расправи. Исус веројатно умеел да чита (веројатно хебрејски), но тој бил исклучок во семејството. Дури и Јуда да успеал да научи да чита нешто на хебрејски, посланието е напишано на одличен и сложен коински грчки, и покажува запознаеност со стилските форми и реторичката аргументација, како и со светите списи на хебрејски. Сето ова би било доста исклучително за еден Галилеец од село. Оние во полза на Јудиното авторство претпоставуваат дека оваа висока писменост ја стекнал при неговите патувања и мисионерска работа меѓу елинизираните Евреи. Според едно ранохристијанско предание, внуците на Јуда биле доведени пред царот Домицијан на сослушување; во приказната тие се бранеле дека не се бунтовници, туку прости селани што се прехранувале од едно парче земја. Иако приказната е апокрифна (римските цареви не сослушувале галилејски селани), таа говори за фактот што раните христијани го запомниле Јудиното семејство како работници од нижата класа, а не како писмена елита.
Ако авторот на посланието не е Апостол Јуда спомнат во евангелијата, тогаш може да се работи за непознат христијанин кој случајно имал исто име и исто така имал брат по име Јаков. Можно е и посланието да биде псевдоепиграфско — дека авторот се претставувал како познатиот Јуда за да му даде тежина на напишаното.
Време на пишување Времето на пишување е непознато, но се смета дека е некаде меѓу 50 и 110 г. Оние кои сметаат дека негов автор е Јуда споменат во евангелијата го сместуваат пред уништувањето на Храмот во Ерусалим во 70 г. Тие што мислат дека авторот е некој анонимен христијанин мислат дека е напишано на почетокот на II век.Historia Ecclesiastica, translated by Arthur Cushman McGiffert. See footnote on p. 203 by McGiffert. Теолозите што го сметаат писмото за псевдонимно аргументираат за подоцнежен датум бидејќи во него се спомнуваат апостолите (како личности од минатото)Јуда 17-18 и традицијата,Јуда 3 но и заради високопарниот грчки.Norman Perrin, (1974) The New Testament: An Introduction, p. 260 Бо Рике смета дека е создадено во 90 г.; Хејки Рајсанен се согласува, и смета дека може да е напишано на крајот од I век.Heikki Räisänen, The Rise of Christian Beliefs: The Thought World of Early Christians, p. 66. "The Epistle of Jude is another letter written in the name of a brother of Jesus, perhaps toward the end of the first century. It consists of a vicious attack against some other Christians." Барт Ерман смета дека е уште подоцнежно, од втората половина на II век, поради употребата на извесна терминологија на начин сличен на пастирските посланија кој не бил вообичаен во I век.
Содржина Јуда, братот на Јаков, ги советува читателите со зборовите „да се борите за вистинската вера“ и ги поттикнува против непријателите, велејќи „зашто се вовлекоа некои луѓе“.Јуда 3-4 Ги предупредува од лажни учители што „ја превртуваат благодатта Божја во нечистотија“ негирајќи го постоењето на Исус Христос. Ги потсетува дека откако Господ го избавил народот од Египет, тој ги погубил неверниците како што ги протерал непокорните ангели во окови и темници, а жителите на Содом и Гомора ги казнил со вечен оган.Јуда 5–7 Воедно тој парафразира (стих 9) денес изгубена случка од Мојсеевото вознесение во која Сатаната и Архангел Михаил се препирале за Мојсеевото тело. Продолжувајќи со аналогиите од историјата на Израил, вели дека лажните учители тргнале по патот на Каин, се фрлиле во заблудата на Валаам и загинале во бунтот на Кореј. Авторот живо ги опишува противниците за кои предупредува, нарекувајќи ги „безводни облаци“, „неродни дрвја“, „пенливи морски бранови“ и „лажни ѕвезди“.Јуда 8–16 На читателите им вели да си ги спомнат зборовите на апостолите, користејќи јазик сличен на оној во Второто послание на Петар за да им каже зошто се чини дека Господ одолговлекува: „Во последно време ќе се појават подигрувачи, кои ќе постапуваат според своите безбожнички желби“,Јуда 18 да се запазат во љубовта Божја,Јуда 21 пред да му оддадат слава и величие на Бога.Јуда 24–25 „Новиот завет на нашиот Господ Исус Христос“, во: Свето писмо на Стариот и на новиот завет (трето издание). Свиндон: Британско и инострано библиско друштво, Скопје: Македонска книга, 1998, стр. 191-192. Јуда непосредно го цитира 1 Енох, мошне распространето дело меѓу старозаветната псевдоепиграфика, повикувајќи се на 1 Енох 1,8 кое се заснова на Второзаконие 33,2.Maxwell Davidson Angels at Qumran: A Comparative Study of 1 Enoch 1-36 1992 p32 "ten thousands of holy ones" "this section is modelled in part on Deuteronomy 33 [as noted by J. VanderKam, The Theophany of Enoch 1973 and PD Miller The Divine Warrior in Early Israel 1973]"
Стил и публика Посланието на апостол Јујда е една од најкратките книги во Новиот завет, содржејќи само 1 глава со 25 стихови, и меѓу накратките во целата Библија. Може да е смислено како распис наменет не за една црква, туку да кружи во сите цркви. Иако е упатено кон христијанската црква во целина, разумно е да се претпостави дека авторот ги има на ум претежно јудеохристијаните по тоа што се повикува на старозаветни ликови како Михаил, Каин и Кореевите синови. Цитатот од „Енох“ („Книга Енохова“); повикувањето на Јаков (црковниот старешина во Ерусалим) укажува на публика добро запознаена со овие писанија и почит кон Јаков.
Лексиката и синтаксата на оригиналот покажуваат дека авторот вешто го владее грчкиот. Има поборен тон, полн со страст и сила. Последователно се даваат многу примери за злотвори и предупредувања за судбината која ги чека.
Посланието завршува со славословие, за кое Питер Х. Дејвис смеа дека е со највисок квалитет во Библијата.
Канонски статус Јудиното послание било едно од спорните дела во библискиот канон на Новиот завет. И покрај извесни противења, ова послание било прифатено од највеќето цркви до крајот на II век. "More remarkable is the evidence that by the end of the second century Jude was widely accepted as canonical." Климент Александриски, Тертулијан и Мураториевиот канон го сметале за канонско. Со време како такво го признале и подоцнежните црковните отци како Атанасиј Александриски.Lindberg, Carter (2006). A Brief History of Christianity. Blackwell Publishing. p. 15. Канонскиот список на Картагинскиот собор (~397) го содржи посланието на Јуда.B. F. Westcott, A General Survey of the History of the Canon of the New Testament (5th ed. Edinburgh, 1881), pp. 440, 541–2.
Првите сомнежи за авторството на посланието се среќаваат во писанијата на Ориген, кој вели дека некои се сомневале во веродојстојноста на почетокот од III век. Евсевиј Кесариски го ставил во „спорните писанија, антилегомените“ во раниот IV век. Евсевиј изразил сомнежи бидејќи посланието ретко се цитира во старите извори, макар што признава дека истото се чита во многу цркви. За некои мислители била проблематична врската помеѓу ова послание и 2 Петар, како и употребата на библиски апокрифи во него: Јероним Стридонски во 392 г. напишал дека книгата е „отфрлена од многумина“ бидејќи го цитира „Енох“.
Опстанати рани ракописи мини|Папирус 78 со стиховите 4, 5, 7 и 8 од Јудиното послание. III/IV век мини|Колофон на Јудиното послание во Александрискиот ракопис Еве некои рани раскописи во кои се содржи оваа книга: Папирус 72 (III/IV век) Папирус 78 (III/IV век; постоечки стихови 4–5, 7–8) Ватикански ракопис (B или 03; 325–350 г.) Синајски ракопис ( или 01; 330–360 г.) Александриски ракопис (A или 02; 400–440 г.) Ефремов ракопис (C или 04; ~450; постоечки стихови 3–25)Eberhard Nestle, Erwin Nestle, Barbara Aland and Kurt Aland (eds), Novum Testamentum Graece, 26th edition, (Stuttgart: Deutsche Bibelgesellschaft, 1991), p. 689.
Противниците Посланието жестоко ги осудува противниците и вели дека Бог ќе им суди и ќе ги казни, иако се дел од христијанската заедница. Меѓутоа, точниот карактер на овие противници и понатаму ги интригира теолозите и историчарите бидејќи не дава особен опис за нив освен што ги карактеризира како нечисти и безбожни. Постојат неколку теории. Најконкретното место што се занимава со нив е стих 8: