Бесник Сабедин Емини (15 октомври 1977 во Скопје) — македонски воен генерал.
Животопис Бесник Емини е роден на 15 октомври 1977 година во Скопје. Основно и средно образование завршува во својот роден град. Во 2000 година дипломира на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје со втората генерација питомци на академијата и ја започнува својата служба во Армијата на Република Македонија (АРМ) во 1.пешадиски баталјон на 15.пешадиска бригада во Тетово. Подоцна е дел од специјалните сили на Армијата односно Полкот за специјални операции (пСО). Учествува во мисијата „Iraqi Freedom“, за што е одликуван со Пофален медал на Армијата на САД. Во 2014 година ја завршува Школата за национална одбрана во Рим, Италија. Во 2017 година магистрира на Институтот за безбедност и одбрана во Скопје. До 2018 година е заменик командант на пСО. Од 2018 до 2019 година е заменик командант на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), најголемата единица на Армијата.Службен весник на Република Северна Македонија, година LXXV, број 46, 26 февруари 2019 година, стр. 3. Од февруари до јули 2019 година е началник на штаб во Здружената оперативна команда (ЗОК).Службен весник на Република Северна Македонија, година LXXV, број 147, 18 јули 2019 година, стр. 5. Од 2019 до 2021 година е командант на 1.мпбр, во меѓувреме преименувана во 1.пешадиска бригада (1.пбр).Службен весник на Република Северна Македонија, година LXXV, број 216, 18 октомври 2019 година, стр. 3.Службен весник на Република Северна Македонија, година LXXVII, број 120, 2 јуни 2021 година, стр. 4. Во 2020 година е унапреден во генералскиот чин бригаден генерал.Службен весник на Република Северна Македонија, година LXXVI, број 281, 26 ноември 2020 година, стр. 3. Од 2021 година е командант на Командата за операции (КО).Службен весник на Република Северна Македонија, година LXXVII, број 120, 2 јуни 2021 година, стр. 5.
Одликувања и признанија Забелешка: Списокот на одликувања и признанија може да не е целосен. Пофален медал на Армијата (Army Commendation Medal) 33x33px
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Генерали во АРМ