мини|250x250пкс| Фреска од векот, Бугарија. Лево е ангел со доблести на умереност и смирение, а од десната страна е ѓаволот со гревовите на бес и лутење. Илустрацијата на уметникот имплицира дека само дејствијата што произлегуваат од слободната волја заслужуваат или пофалба или осуда. мини|250x250пкс| Снимка од момче кое скока во вода. Општо прифатено е дека донесувањето одлуки е одговорност на човечките суштества (на пр. скокање во вода) врз основа на неговата слободна волја. Слободна волја () — филозофско-теолошки концепт според кој секој човек има слобода да одлучува за своите постапки. Со други зборови, поединецот слободно одлучува и ги избира своите постапки и начин на дејствување. Наспроти овој концепт се концептите, меѓу другото, на детерминизам, според кој слободата е ограничена од природни фактори и фатализам, според кој слободата е ограничена од натприродни фактори (на пр. Бог, судбина).

Синтагмата „слободна волја“ има религиозни, етички и научни импликации:

Во религијата, слободната волја на човекот е одредена од одлуката на Бога (семоќниот и сезнаен) да не ја користи својата моќ за да влијае на човечките одлуки,Sveti spisi monoteističkih religija, isp. Biblija, Kuran. Во етиката, овој концепт е основата без која човекот не може да биде одговорен за своите постапки, Во науката, идејата за слободна волја подразбира слобода на мислата, според тоа, на умот, во однос на каузалноста на научните закони.

Човечкото дејствување според слободната волја има свое место и во правото, каде што овој концепт е вграден во законодавството (поединечна одговорност, независно донесување судски одлуки).

Слободната волја е тесно поврзана со концептите на морална одговорност, пофалба, вина, грев и други судови кои можат да се применат исклучиво на дејствија кои се резултат на слободната волја. Постојат многу различни мислења кои ги разгледуваат влијанијата врз слободната волја, односно вистинската можност за донесување слободни одлуки.

Наведениот детерминизам сугерира дека е можен само еден тек на настаните, што не е во согласност со постоењето на слободна волја. Овој проблем бил истакнат од филозофите од Стара Грција и тој останува во жариштето на филозофските расправи и денес.

Спротивно на тоа, компатибилизмот се издвојува со ставот дека слободната волја е компатибилна со детерминизмот. Исто така, постојат мислења кои наведуваат дека детерминизмот е неопходен за слободна волја, тврдејќи дека секој избор претпоставува претпочитање на еден начин на дејствување пред друг, каде што се важни претпоставките за последиците од текот на дејствувањето.Argument Rudolfa Karnapa opisan u:

Слободната волја е состојба во која мислите и однесувањето на човекот се определуваат од сопствената волја, а не од надворешни чинители.

Ппоимот слободнат волја е оспорува од филозофска, психолошка и социјална гледна точка, особено во контекст на самоуништувачки или други дејства кои можат да предизвикаат каква било штета на самиот себе, другите лица, групи, институции или социјална заедница. Психолошки, слободната волја е разбирлива во контекст на донесување и извршување на автономни определби за дејствување и преземање одговорност за последиците од она што е направено.

Според томистичката традиција, слободата на волјата е човечка сопственост со која тој е господар на своите постапки, а потекнува од тоа што човекот одлучува за алтернативи врз основа на неговото рационално сознание Slobodna volja, Filozofski rečnik (filozofija.org), Приступљено 25. 4. 2013. .

Западна филозофија Темелните прашања се дали имаме контрола врз нашите постапки и ако има, каква контрола и до кој степен може да се врши. Овие прашања се пред раните грчки стоици (на пример Хризип), а некои современи филозофи жалат поради недостатокот на напредок во текот на сите овие милениуми.

Од друга страна, луѓето имаат силно чувство за слобода, што ги наведува да веруваат дека имаат слободна волја. Сепак, треба да се има на ум дека интуитивното чувство на слободна волја може да биде погрешно. Quoted by Shariff, Schooler & Vohs: The hazards of claiming to have solved the hard problem of free will For full text on line see this

Тешко е да се усогласi интуитивната евиденција дека свесните одлуки се причинско ефективни со гледиште дека физичкиот свет може да се смета за совршено подложен на физичките закони. Конфликтот помеѓу интуитивното чувство на слобода и природните закони настанува кога се манифестира или причинско затворање или физички детерминизам (номолошки детерминизам). При причинското затворање, ниту еден физички настан нема причина надвор од физичкиот домен, а во физичкиот детерминизам, иднината е целосно одредена од претходните настани (причина и последица).

Загатката за помирување на слободната волја со детерминистичкиот семир е позната како проблем на слободна волја, или понекогаш се нарекува дилема на детерминизмот. Оваа дилема води и до морални дилеми: прашањето како да се припише одговорност за дејствијата ако тие се целосно предизвикани од претходни настани. Also found in

Компатибилистите тврдат дека самата ментална стварност не е причинско ефективна. Класичните компатибилисти се соочиле со дилемата за слободната волја тврдејќи дека слободната волја е делотворна сè додека личноста не е надворешно ограничена или под принуда. Современите компатибилисти прават разлика помеѓу слободата на волјата и слободата на дејствување, со други зборови, тие ја одделуваат слободата на изворот од слободата на дејствување во склад со него. Со оглед на тоа што сите луѓе доживуваат чувство на слободна волја, некои современи компатибилисти веруваат дека е неопходно да се прилагодат на таа интуиција. Компатибилистите често ја поврзуваат слободната волја со способноста за донесување рационални одлуки.

Поинаков пристап кон дилемата е оној што го заговараат некомпатибилистите, имено, ако светот е детерминистички, тогаш нашето чувство за слобода да избере акција е едноставно илузија. Метафизичкиот либертаријанизам е облик на некомпатибилизам што тврди дека детерминизмот е лажен и дека слободната волја е можна (дека барем некои луѓе имаат слободна волја). Ова гледиште е поврзано со нематеријалистички конструкции, вклучувајќи го и традиционалниот дуализам, како и модели кои поддржуваат повеќе минимални критериуми; како што е способноста за свесно вето на акцијата или на конкурентските желби.Libet, (2003). "Can Conscious Experience affect brain Activity?", Journal of Consciousness Studies 10, nr. 12. pp. 24–28. Сепак, дури и со физичкиот недитерминизам, се изнесени аргументи против либертаријанизмот бидејќи е тешко да се одреди местото на потекло (одговорност за „слободни“ недетерминистички избори).

Слободната волја претежно се третира во смисла на физички детерминизам во строга смисла на номолошкиот детерминизам, иако другите облици на детерминизам се исто така релевантни за слободната волја. На пример, логичкиот и теолошкиот детерминизам го предизвикуваат метафизичкиот либертаријанизам со идеи дека судбината и биолошкиот, културниот и психолошкиот детерминизам го хранат развојот на компатибилистички модели. Може дури и да се образуваат одделни класи на компатибилност и некомпатибилност за да ги претставуваат. See also

Поврзано Судбина Детерминизам Предодреденост Слободно размислување Ум Разум Мисла

Наводи

Литература

referring to a critique of Libet's experiments by

Hawking, Stephen, and Mlodinow, Leonard, The Grand Design, New York, Bantam Books, 2010. Bischof, Michael H. (2004). Kann ein Konzept der Willensfreiheit auf das Prinzip der alternativen Möglichkeiten verzichten? Harry G. Frankfurts Kritik am Prinzip der alternativen Möglichkeiten (PAP). In: Zeitschrift für philosophische Forschung (ZphF), Heft 4.

Epstein J. M. (1999). Agent Based Models and Generative Social Science. Complexity, IV (5). Gazzaniga, M. & Steven, M. S. Free Will in the 21st Century: A Discussion of Neuroscience and Law, in Garland, B. (ed.) Neuroscience and the Law: Brain, Mind and the Scales of Justice, New York.

Harnad, Stevan (2009) The Explanatory Gap #PhilPapers

Libet, Benjamin; Anthony Freeman; and Keith Sutherland, eds. (1999). The Volitional Brain: Towards a Neuroscience of Free Will. Exeter, UK: Imprint Academic. Collected essays by scientists and philosophers.

Muhm, Myriam (2004). Abolito il libero arbitrio – Colloquio con Wolf Singer. L'Espresso 19.08.2004 larchivio.org Nowak A., Vallacher R. R., Tesser A., Borkowski W. (2000). Society of Self: The emergence of collective properties in self-structure. Psychological Review. 107

Dick Swaab, Wij Zijn Ons Brein, Publishing Centre. Wegner, D. (2002). The Illusion of Conscious Will. Cambridge: Bradford Books Williams, Clifford (1980). Free Will and Determinism: A Dialogue. Indianapolis: Hackett Publishing Company

George Musser, "Is the Cosmos Random? (Einstein's assertion that God does not play dice with the universe has been misinterpreted)", Scientific American, vol. 313, no. 3 (September 2015). pp. 88–93. Horst, Steven , Laws, Mind, and Free Will. (MIT Press). Sri Aurobindo about freedom and free will(PDF)

Надворешни врски Стенфордски речник за слободната волја Славој Жижек за истовременоста на слободата и предодреденоста „Куран“ . Архивирано од оригиналот на 8 септември 2015 година. Г.  „Библијата“ . Архивирано од оригиналот на 8 септември 2015 година. Г.  Имануел, Кант. „Критика на практичниот ум“ (PDF) . БИГЗ, 1979 година.  Судбина, слобода и невронаука - дебата за тоа дали слободната волја е илузија и однапред одредена од Институтот за уметност и идеи, во која учествуваат неврологот од Оксфорд Најеф Ал Родан, психијатарот и радиодифузер Марк Салтер и филозофот од ЛСЕ Кристина Мушолт. Слободна волја на веб-страницата на PhilPapers Слободна волја на страницата InPho Записи од Интернет енциклопедија на филозофијата : „Предзнаење и слободна волја“ од Норман Сварц „Слободна волја“ од Кевин Тимпе „Средновековни теории на слободната волја“ од Колин МекКласки „Средно знаење“ од Џон Д. Лејнг Записи од филозофската енциклопедија на Стенфорд : „Некомпатибилизам“ од Рандолф Кларк „Божествено предзнаење и слободна волја“ од Линда Загзебски „Хјум на слободна волја“ од Пол Расел Слободна волја и детерминизам на веб-страницата на ДМОЗ (јазик: англиски) „Слободна волја“ од Гален Стросон во енциклопедија за филозофија Роутлеџ „Слободна волја“ во Католичката енциклопедија Веб-страница за филозофија на детерминизмот и слободата, уредена од Тед Хондерих „Слобода и законите на природата“ од Стивен Хорст (The Montreal Review) Речник на скептиците за „слободна волја“ Слобода на волјата на Џонатан Едвардс, малку изменета за полесно читање

Категорија:Слободна волја Категорија:Филозофија на животот Категорија:Етика Категорија:Себство Категорија:Филозофија на религијата Категорија:Метафизика Категорија:Теологија Категорија:Статии со надворешни врски на англиски