Премиерот на Република Бугарија (, неформално: премиер-министер или само премиер) е највисоката функција во извршната власт на Бугарија од 1878 година.

Премиер на редовна влада Според актуелниот бугарски УставГлава пета: Министерски съвет од бугарскиот Устав во Викиизвор , премиерот на Бугарија добива мандат за формирање влада од претседателот и е избран на функцијата од Народното собрание.

Премиерот: ја предлага структурата на Советот на министри за одобрување од Народното собрание; ги избира и предлага на одобрување во Народното собрание министрите во неговиот кабинет; ги именува и разрешува замениците-министри на министерствата и другите раководители на сектори кои се директно подредени на Советот на министри. Како носител на мандатот на извршната власт во овластувањата на премиерот е потпишувањето на уредби и други одлуки на Советот на министри.

Редовниот мандат на претседавачот со Советот на министри е до крајот на мандатот на релевантното Народно собрание кое го избрало. Оставката на премиерот значи оставка на целата влада. Не постои ограничување на бројот на мандати што едно лице може да биде премиер.

Премиер на техничка влада Кога претседателот го распушта парламентот и распишува парламентарни избори, тој назначува техничка влада. Мандатот на техничката влада е до изборот на следната редовна влада од следниот парламент.

Наводи

Поврзано Список на премиери на Бугарија