мини|Лекарот Шнабел фон Ром („Лекар Клун Римски“), гравура од Пол Фурст, 1656 г. Чумен лекар () или лекар за чуми — определба за лекар, воспоставена во Средновековна и Ренесансна Европа, чија главна должност била да ги лекува заболените од бубонска чума или „црна смрт“, особено за време на епидемии. Почнувајќи од XVII век, карактеристичната особеност на чумните лекари била посебното заштитно одело со оригинална „носна“ маска што личи на птичји клун. Поради нивниот конкретен изглед, како и мистичниот ореол, чумните лекари имале забележливо влијание врз европската култура, особено изразено во појавата на соодветниот лик во италијанската „Комедија дел арте“ и познатата венецијанска маска, која потсетува на лекарска маска.
Наводи
Надворешни врски
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Чума Категорија:Црна смрт Категорија:Медицина