мини| Пример за огноотпорност со прскање, со употреба на малтер заснован на гипс во ниска индустриска зграда во Ванкувер, Британска Колумбија. Интонако ― италијански поим за последниот, многу тенок слој малтер на кој е насликана една фреска. Гипсот е бојадисуван додека е уште влажен, за да се дозволи пигментот да навлезе во самиот интонако. Претходниот слој, наречен аричо (arriccio), е поставуван малку грубо за да направи влез за интонако и мора да се остави да се исуши, обично неколку дена, пред да се нанесе и бојадиса последниот многу тенок слој.Ugo Procacci, in Frescoes from Florence,pp. 15-25 1969, Arts Council, London, gives a full account of the process. На италијански поимот интонако исто така е користен многу поопшто за обични ѕидни облоги од малтер во зградите.

Интонакото традиционално е мешавина од песок (со зрнести димензии помали од два милиметри) и врзувачка супстанција.

Видови интонако Различни видови интонако се класифицирани врз основа на употребениот врзувачки материјал:

Интонако на основа на вар, каде единствената врзувачка супстанција е хидрираниот вар Интонако вар/цемент, каде што врзувачкиот елемент е мешавина од хидрирана вар со портланд цемент, со мнозинство вар Интонако цемент/вар, каде што врзувачкиот елемент е мешавина од хидрирана вар и портландски цемент, со мнозинство портландски цемент Интонако со основа од гипс, каде што врзувачкиот елемент е исклучиво гипс

Песокот што е користен во интонакото може да биде варовник или силикат, земен од природен извор како река или од песок што се прашкасти.

Видови стабилизатори Интонако може да се стабилизира со:

Вар гипс Гипс на основа на калциум сулфат Цемент на основа на теракота

Наводи

Категорија:Сликарски техники Категорија:Малтерисување