Роман Безпалкив () – (15 април 1938, село Хлушин, Лавовско – 19 ноември 2009 година, Лавов) – украински сликар. Невовите жанрови биле сликарството и сакрална уметност. Тој бил член на Националниот сојуз на уметници на Украина (1988). Бил Почесен уметник на Украина (1998).

Во 1962 година, дипломирал на Медицинскиот институт при Лавовскиот национален медицински универзитет. Во 1965 година се запишал на Лавовската национална академија за уметности и ја завршил во 1971 година.

Автор е на многу сценски и сакрални дела, меѓу кои и филозофски портрети на личности од украинската култура како Тарас Шевченко, Бохдан Ихор Антонич, Маркијан Шашкевич, Иван Вишенски, Катерина Билокур и други. Учествувал на лични, национални и меѓународни изложби.

Починал по долго боледување на 19 ноември 2009 година и бил погребан на Личакивските гробишта, Лавов.

Наводи

Книжевност

. Надворешни врски Олја Малерик . Портрети-притчи від Романа Безпалківа Роман Безпалків – мандрівник од Академічної Роман Безпалков Во Львові виставкою-реквіємом пом'януть «Адмірала» – Романа Безпалківа, який помер 20 листопада

Категорија:Починати во 2009 година Категорија:Родени во 1938 година Категорија:Естетичари Категорија:Украински машки сликари Категорија:Украински уметници од 21 век Категорија:Украински машки уметници од 20 век Категорија:Украински сликари од 20 век Категорија:Закопани во Личавските гробишта