Баталјон „Борис Вукмировиќ“ ― воена единица, составена од политички затвореници од Тиранскиот затвор. Формиран (20 септември 1943 година) во реонот на планината Дајта во Албанија.

Бил формиран од 140 припадници на НОД од Косово и Метохија и од Македонија. По капитулацијата на Италија, по групи било организирано бегство од затворот. Партиската организација на Тирана и албанските партизани ги прифаќале овие групи во реонот на планината Дајта. Кон политичките затавореници се приклучила и група логораши од логорот Порто Романо. На планината Дајта, заатворениците биле вооружувани и увежбувани во ракување со оружјето. По десетдневни воени вежби, се упатиле кон Дебар (почеток на октомври). Во Дебарца им се приклучиле и околу 40 борци на шарпланинскиот НОПО. Учествувал во ослободувањето на Кичево (1 ноември 1943 година) и во борбите со германско-балистичките сили на планината Буковиќ, Кичевско (од 1 до 6 ноември 1943 година). При формирањето на Првата македонска народноослободителна ударна бригада (11 ноември 1943 година - во Сливово, Охридско), овој баталјон влегол во нејзиниот состав.

Наводи

Надворешни врски

Во Дебрца одбележани 76 години од формирањето на Првата Македонско – косовска ослободителна ударна пролетерска бригада На денешен ден -11 ноември во 1943 е формирана ПРВАТА МАКЕДОНСКО-КОСОВСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА УДАРНА БРИГАДА Дебарца се сеќава на годишнината од формирањето на Првата Македонско-косовска ударна бригада Сојузот на борци ќе го одбележи 11-ти Ноември во Сливово

Категорија:Баталјони на НОВМ