Лилјана Манева (Скопје, 16 април 1917 — Скопје, 20 јануари 2012) — македонска комунистка и првоборец. Носителка е на Партизанска споменица од 1941.

Животопис Родена е во Скопје на 16 април 1917 година. Гимназила завршила во родниот град, а студирала во Белград и на Филозофскиот факултет во Скопје. Од 1940 година била член на СКОЈ и КПЈ, од 1941 година член на МК на СКОЈ и од крајот на 1941 година член на МК на КПЈ. Во декември 1941 година била уапсена, а од мај 1942 година до почетокот на 1943 година протерана во селото Бабјак, Разлошко. По враќањето кон крајот на 1943 година била заменик политички комесар на чета на Народноослободителниот баталјон „Јордан Николов“ и во Третата македонска ударна бригада, секретар на Дивизискиот комитет на КПЈ при Четирисесет и втората дивизија на НОВЈ, а од ноември 1944 година и раководител на Персоналната служба на Првата корпусна област, како и на Политичката управа на генералштабот на НОВЈ.

Во периодот по ослободувањето била секретар на Околискиот и на Окружниот комитет на КПМ во Скопје, помошник во амбасадата на ФНРЈ во Софија, заменик министер за земјоделство, претседател на Главниот одбор на АФЖ за Македонија, републички и сојузен пратеник, секретар на Советот за народно здравје на НРМ, член на ЦК и на Организационо-политичкиот секретаријат на ЦК на СКМ, уредник на списанието „Просветна жена“, член на Главниот одбор на Сојузот на женските друштва на Југославија, потпретседател на Републичката конференција на ССРНМ, претседател на Одборот за внатрешна политика на Општествено-политичкиот совет на Сојузното собрание, главен уредник на Радио Скопје и прв директор на Македонската телевизија.

Починала на 20 јануари 2012 година во Скопје.„Кои настани ја одбележаа Македонија во 2012 година“. А1он. 27 декември 2012.

Наводи

Категорија:Македонски општественици Категорија:Македонски комунисти Категорија:Македонски партизани Категорија:Носители на Партизанска споменица од 1941