Лилјана Дирјан (, - , ) — македонска писателка и новинар.
Животопис Дирјан е родена во 1953 година во Скопје. Дипломирала на Филолошкиот факултет при УКИМ во Скопје. Била на студиски престој во Париз, како стипендист на француската влада и Фондацијата „Губелкијан“.
Дирјан била главна уредничка на списанието „Жена“ и на регионалното книжевно списание „Сараевски тетратки“. Таа е една од основачите на Друштвото на независни писатели на Македонија.Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 358.
Таа му била сопруга на македонскиот поет, есеист, драмски писател, раскажувач и преведувач Богомил Ѓузел.
Починала во Скопје на 13 декември 2017 година.
Библиографија Дирјан е авторка на следниве дела: Природна појава (Мисла 1980), Жива мера (Наша книга, 1985), Пелин поле (Мисла 1989), "Champ d'abisinthe", (на француски јазик), 1996, кај издавачот Est/Quest Internationales, Париз и Тешка свила (Матица Македонска 1997). Приватни светови (македонски претставник за меѓународната книжевна награда „Балканика“ за 2008 година) Саѓе врз снегот (2007)
Три нејзини кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 119-122.
Добитник е на наградите „Студентски збор“ (1980) и „Браќа Миладиновци“ (1985).Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 74. Нејзините дела се преведени на повеќе јазици и застапена е во бројни антологии на македонската современа поезија.
Значење и влијание „Стивнато оро“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 396-397. „Ако некогаш напишам песна“ — краток расказ на Оливера Ќорвезироска од 2021 година.Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 432-433. „Последната шега на Лиле Дирјан“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 493. „Штрудлата на Лиле Дирјан“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 491-492.
Наводи
Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Македонски писателки Категорија:Југословенски писатели Категорија:Македонски новинари Категорија:Добитници на наградата „Браќа Миладиновци“ Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“