Homo erectus (што значи "исправен човек") е изумрен вид од плеистоценот, кој прв пат се појавил пред околу 2 милиони години. Пронајдените примероци се меѓу првите препознатливи членови на родот Homo.
Неколку човечки видови, како што се H. heidelbergensis и H. antecessor, еволуирале од H. erectus, а неандерталците, денисовците, и современите луѓе еволуирале од H. heidelbergensis. H. erectus бил првиот човечки предок чија распространетост била низ цела Евроазија, од Пиринејскиот полуостров до Јава. Азиската популација на H. erectus можеби е предок на H. floresiensis и веројатно на H. luzonensis. Последната позната популација на H. erectus е H. e. soloensis од Јава, од пред околу 117,000–108,000 години.
Наводи
Категорија:Човеколики мајмуни