Марко Минуциј Феликс (, †о. 250 во Рим) — еден од првите христијански апологети кои твореле на латински јазик.
Ништо не се знае за неговиот живот. Дури и времето на творење е мошне непознато — некаде во периодот од 150 до 270 г. Јероним Стридонски во делото „За знаменитите мажи“ го опишува како „еден од истакнати правници во Рим“ (Romae insignis causidicus), но ова е веројатно само подобрување на искажаното од ЛактанцијInstitutionum divinarum v. 1. кој вели дека Минуциј „не беше непознат меѓу правниците“ (non-ignobilis inter causidicos loci).
„Октавиј“ Минуциј е познат по едно единствено дело „Октавиј“, дијалог за христијанството помеѓу паганот Цецилиј Наталис и христијанинот Октавиј Јануариј. Напишан е за образованите нехристијани, со аргументи недвосмислено позајмени од Цицерон, особено од неговото дело „За природата на боговите“ (De natura deorum), како и христијански материјал, претежно од грчките апологети. Во делото се забележуваат и влијанија од стоиците.
Треба да се напомене дека „Октавиј“ е напишан пред „За залудноста на идолите“ (Quod idola dii non sint) на Кипријан Картагенски, кој зајмува од него; датирањето може да се одреди само во однос на Тертулијановиот „Апологетик“.
Наводи
Извори
Надворешни врски
Дела на Марко Минуциј Феликс со аналитички индекси Минуциј Феликс — Католичка енциклопедија
Категорија:Христијански апологети Категорија:Римски писатели Категорија:Римски правници Категорија:Римјани од 2 век Категорија:Римјани од 3 век Фекилс, Марко Категорија:Родени во непозната година Категорија:Починати во 250 година