Николај Леонидович Духов (; – 1 мај 1964) бил советски дизајнер на автомобили, трактори, тенкови и јадрено оружје.
Биографија Духов работел во фабрика за трактори. Во 1926 година, собранието на фабриката Комсомол го испратила да студира во институт во Харков, по што го префрлиле без да го тестираат на машинскиот факултет во Политехничкиот универзитет во Ленинград за да студира инженерски дизајн за трактори и автомобили. Тој бил одговорен за дизајнирање на советски трактори и тешки тенкови во 1930-тите.
Во Втората светска војна тој бил ко-дизајнер (заедно со Јозеф Котин) на тешкиот тенк Сталин.
Во 1948 година, тој бил назначен за помошник на Јули Каритон, главниот конструктор на советската атомска бомба. Тој ја продолжил својата работа на јадрени проекти до неговата смрт во 1964 година.
Предавал во Патниот институт во Ленингран и на машинскиот факултет на Политехничкиот универзитет во Ленинград. Станал дописен член на Академијата на науките на Советскиот Сојуз (1953).
Награди
Трикратен херој на социјалистичкиот труд Ленинова награда Пет Сталин награди Четири ордени на Ленин Орден на Суворов, втор степен Орден на Црвеното знаме на трудот Орден на Црвената звезда
Наводи
Категорија:Погребани на Новодевичките гробишта Категорија:Оружари Категорија:Носители на Орденот на Црвената ѕвезда Категорија:Носители на Орденот на Црвеното знаме на трудот Категорија:Носители на Орденот на Ленин Категорија:Добитници на Лениновата награда Категорија:Добитници на Сталиновата награда Категорија:Херои на социјалистичкиот труд Категорија:Политичари од Комунистичката партија на Советскиот Сојуз Категорија:Починати во 1964 година Категорија:Родени во 1904 година Категорија:Носители на Орденот на Суворов од II степен Категорија:Починати во Москва