десно|мини| Четири различни пива за дегустирање на Хелсиншкиот фестивал на пивото во Хелсинки, Финска. Дегустирање пиво ― начин да се дознае повеќе за историјата, состојките и производството на пивото, како и за различните стилови на пиво, хмељ, квасец и претставување пиво. Вообичаен начин е да се анализира изгледот, мирисот и вкусот на пивото. Потоа се прави конечна проценка за квалитетот на пивото.How to taste beer, BeerAdvocate. Пристапено на 30 јули 2023.A guide to rating beer - news and features, Ratebeer. Пристапено на 30 јули 2023. Постојат многу скали за оценување на пивото меѓу новинарите и пивските стручњаци. Различни списанија и стручњаци често користат своја скала, на пример познатиот британски сомелие Џенсис Робинсон користи скала помеѓу 1 и 20Tasting notes, Jancis Robinson. Accessed on 30 March 2017. и познатиот сомелие од Соединетите Држави Џошуа М. Бернштајн користи скала помеѓу 1 и 100.(No title), Joshua M. Bernstein. Пристапено на 30 јули 2023. Меѓутоа, вообичаено е професионалните организации како што е Wine & Spirit Education Trust да го оценуваат пивото со вербални оценки: погрешно ― слабо ― прифатливо ― добро ― многу добро ― извонредно, што одговара на скала од 1 до 5.Wine & Spirit Education Trust, yumpy.com. Пристапено на 30 јули 2023.
Теми Најпрвин се прави селекција на пивата за дегустирање. Темата може да биде, на пример, белгиски пива или избор на пива со различна горчина.Prova öl, Systembolaget. Accessed on 3 April 2017. Пивата често се дегустираат по редослед, од најлесни до најтешки, најсуви до најслатки и најевтини до најскапи. Ова ја образува основната структура на дегустирањето, но поважно е да се организира дегустирање според тоа како функционираат папилите за вкус, сместени на јазикот. Како што напредува дегустирањето, папилите за вкус стануваат помалку чувствителни и може дури и да бидат анестезирани. Откако ќе бидат избрани пивата, се обезбедуваат соодветни закуски и се даваат информации за секој производител на пиво и регион. За да се направи вкусот разновиден, претежно се обезбедуваат четири до шест различни пива за вкус во исто време. Интересни теми за дегустирање може да бидат на пример различни видови на пиво, како што се темно, пченично пиво или индиско светло пиво, пива од различни земји како белгиски или светли пива од Соединетите Држави. Исто така, вообичаено е да се спојат пивата со различна храна, како што е дегустирање пива и сирења.
Чаша Изборот на чаша за дегустирање на пиво е поважен отколку што може да се помисли. Во професионалните дегустирања често се користи чаша за дегустација со ISO-стандард, што е стандард за дегустирање на различни пијалаци. Овој вид чаша ја користат многу дегустатори ширум светот, за да се осигураат дека стаклото нема да влијае на нивната проценка. Чашата треба да биде доволно голема за да ја долови пивската арома кога ќе дојде на дното на чашата. Треба да има лежиште за да не се извалка или загрее делот од садот со рацете.
Слепо дегустирање Вообичаен облик на дегустирање пиво е таканареченото слепо дегустирање. При овој вид дегустирање, дегустаторот не знае кое пиво во која чаша е точено. Тоа се постигнува со тоа што пивското шише се става во непроѕирен сад и така се врши точењето на пивото во чашата за дегустирање. Искусниот дегустатор може да има идеја за кое пиво се работи преку признаците за изгледот, мирисот и вкусот на пивото.Att bjuda in till blindprovning, www.portersteken.de. Пристапено на 30 јули 2023. Меѓутоа, ова станува потешко бидејќи расте бројот на различни марки и видови пиво.Mölstad, Mikael: Blindprovning är ingen lätt lek, SvD.se. Пристапено на 30 јули 2023.
Поврзано
Сомелие за пиво Пиво
Наводи
Категорија:Вкус Категорија:Пиво