Мост „Беласица“ — мост на реката Вардар во Скопје. Мостот ги поврзува булеварите „Кузман Јосифовски-Питу“ и „Гоце Делчев“ преку истоимената улица „Беласица“.

Изградба Градбата на мостот почнала во 2003 година, а бил пуштен во сообраќај во 2005 година на Денот на независноста, 8 Септември. Градежните работи ги изведувало градежното претпријатие „Бетон“ и трошоците изнесувале 3 милиони евра. Името на мостот подоцна му е дадено.

Пожар на мостот На 11 мај 2023 година во 23:57 часот се појавил пожар на долната страна на мостот кој бил локализиран во 1:45 на 12 мај. Во гаснењето учествувале 21 пожарникар со 8 противпожарни возила. Од безбедносни причини, мостот е затворен за сообраќај.

Повторно пуштање во сообраќај Од 2 септември 2023 година, мостот е повторно отворен за сообраќај, но само за лесни возила во двете крајни коловозни ленти, додека двете средишни коловозни ленти ќе бидат отворени во моментот на завршување на градежните работи од страна на ЕСМ.

Од 2 мај 2024 година мостот е целосно отворен за сообраќај.

Поврзано Мостови во Скопје

Наводи

Категорија:Мостови во Скопје Категорија:Мостови на Вардар