Мартен де Вивје () — истражувачка станица и единственото населено место на островите Амстердам и Свети Павле во Француските Јужни и Антарктички Земји во јужниот Индиски Океан. Сместена е на северниот брег на островот Амстердам и во неа престојуваат триесетина луѓе.

Наречена е по Пол де Мартен де Вивје кој презимил на островот во 1949 г. заедно со десетмина други.

Станица првично го носела името Камп Ертан (Camp Heurtin), работејќи од 1 јануари 1981 г. и ја заменила првата станица Ла Рош Годон (La Roche Godon).

Наводи

Надворешни врски

За базата „Мартен де Вивје“ — ФЈАЗ

Категорија:Француски Јужни и Антарктички Земји Категорија:Истражувачки станици