Славица Ковачевиќ-Јовановска (р. година во Струмица) ― македонска театарска, филмска и телевизиска глумица. Таа долги години работела во Македонски народен театар во Скопје.

Филмографија Година Филм Улога 1975 Волшебното самарче ТВ-серија 1976 Цимерите од соба 306 ТВ-филм Милена 1977 Нели ти реков ТВ-филм 1981 Милион маченици ТВ-серија 1982 Илинден ТВ-серија 1984 Нели ти реков ТВ-филм 1985 На наш начин ТВ-серија 1988 Скопски сновиденија ТВ-филм 1988-1992 Еурека ТВ-серија Кети 1992 Тврдокорни ТВ-серија 1994 Прекалени ТВ-серија Сирма Војвода 1995 Ангели на отпад ТВ-филм Невена 2000 Големи и мали ТВ-серија Мајката на Коле 2000-2001 Погрешно време ТВ-серија Марта 2007 Цимери ТВ-серија 2009 Седумка, љубов или смрт ТВ-филм Милица 2010-2011 Од денес за утре ТВ-серија Газдарицата 2011 Епизодист ТВ-филм Мајката

Кариера Во 1976 година, таа дипломира на Факултет за драмски уметности, на отсекот за глумечка игра во класата на проф, Илија Џувалековски. Својата кариера ја започнува во 1976 година, играјќи во претставата "Цар Едип" во Драмски театар - Скопје. Во 1980 гидина, се вработува но Македонски народен театар во Скопје, каде работи сè до нејзиното пензионирање.

Театарски претстави

„Цар Едип", од Софокле, р. Миле Корун, Драмски театар (1976). Средната сестра, во „Баш челик", од Горан Бабиќ, р. Коле Ангеловски, Драмски театар (1977). Цара, во „Милион маченици", од Ристо Крле, р. Петре Прличко, МНТ (1980). Маша, во „Војна и мир во груда", од Вељко Радовиќ, р. Благота Ераковиќ, МНТ (1981). Сестрата, „Метаморфоза", од Франц Кафка, р. Душан Наумовски, МНТ (1982). Алтернација, во „Свирач на покривот", од Џери Бок, р. Владо Штефанчиќ, МНТ (1983). Венди Мојра, во „Бог", од Вуди Ален, р. Димитрие Османли, МНТ (1984). Алтернација, во „Воена тајна", од Душан Јовановиќ, р. Душан Наумовски, МНТ (1984). Саша, во „Иванов", од Антон Павлович Чехов, р. Бранко Ставрев, МНТ (1984). Прасенце, во „Сказна за сказните", од Афродита Кирјаковска, р. Коле Ангеловски, МНТ (1985). Медицинска сестра, во „Големиот брилијантен валцер", од Драго Јанчар, р. Бранко Ставрев, МНТ (1986). Матеица, во „Мрестење на краповите", од Александар Поповиќ, р. Ацо Алексов, МНТ (1987). Ана Ивановна, во „Денови од нашиот живот", од Леонид Андреев, р. Васил Христов, МНТ (1989). Метреса, во „Забуни", од Вилијам Шекспир, р. Димитрие Османли, МНТ (1989). Петранка, во „Рекламна бајка", од Русомир Богдановски, р. Коле Ангеловски, МНТ (1989). Медицинска сестра, во „Валоургиска ноќ", од Венедикт Ерофеев, р. Владимир Портнов, МНТ, (1990). „Вртимушка", од Афродита Кирјаковска, р. Афродита Кирјаковска, МНТ (1990). Маша, во „Галеб", од Антон Павлович Чехов, р. Бранко Ставрев, МНТ (1990). Русинката, во „Зора на истокот", од Гордан Михиќ, р. Ацо Алексов, МНТ (1991). Калуѓерката, во „Мортолозот", од Григор Прличев, р. Бранко Ставрев, МНТ (1992). Сестра Мери, во „Бунт во домот за старци", од Венко Андоновски, р. Бранко Ставрев, МНТ (1994). Славица Егревил, во „Кројач за дами", од Жорж Фејдо, р. Димитрие Османли, МНТ (1996). Госпоѓа Пдроан, во „Мелница", од Митко Маџунков, р. Бранко Ставрев, МНТ (1996). Хор, жаби, во „Жаби", од Аристофан, р. Бранко Ставрев, МНТ (1998). Т…Љубов моја, од Снежана Конеска Руси, р. Снежана Конеска Руси, МНТ (1998). Мајката, во „Песочна сложувалка", од Јана Добрева, р. Зоја Бузалковска, МНТ (1999). Пејачката, во „Грофот Миливој", од Ристо Крле, р. Димитрие Османли, МНТ (2001). Бабица, во „Писание", од Живко Чинго, р. Бранко Ставрев, МНТ (2002). Шарлота, во „Дед Лајн", од Ги Фоаси, р. Александар Илиев, МНТ (2003). Праксагора, во „Жени во народно собрание", од Аристофан, р. Димитрие Османли, МНТ (2004). Менка, во „Чија си", од Сашко Насев, р. Виолета Џолева, Универзална сала – Скопје (2005). Рајмонда Шендебиз, во „Болва в’уво", од Жорж Фејдо, р. Бранко Ставрев, МНТ (2007). Пациент, во „Мара/Сад", од Петар Вајс, р. Васил Христов, МНТ (2008). „Троил и Кресида", од Вилијам Шекспир, р. Љубиша Ристиќ, МНТ (2010). Хор, во „Вечната куќа", од Јордан Плевнеш, р. Дејан Пројковски, МНТ (2013).

Надворешни врски

Категорија:Глумици од Струмица Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Македонски филмски глумци Категорија:Македонски телевизиски глумци Категорија:Југословенски глумци