Брег на Ингрид Кристенсен (; ) — дел од Антарктикот, помеѓу Џенингсовиот ’Рт (72°33′ ИГШ), и западниот крај на Западната Ледена Плоча (81°24′ ИГШ). Се наоѓа помеѓу западната половина на Земјата на Принцезата Елизабета, веднаш на исток од Ејмериевата Ледена Плоча.

Истражување Брегот е откриен од Клариус Микелсен, капетан на бродот „Торсхавн“ во сопственост на норвешкиот китоловен магнат Ларс Кристенсен. Бродот впловил кај Вестфолските Ридови на 20 февруари 1935 г. Наречен е по неговата сопруга Ингрид Кристенсен, која пловела по антарктичките води заедно со сопругот и била една од првите жени што го посетила Антарктикот. Југозападниот дел на овој брег е откриен и фотографиран од воздух во март 1947 г. од Американската воена морнарица како дел од операцијата „Скок во височина“.

Наводи

Извори

Надворешни врски Брег на Ингрид Кристенсен — Голема норвешка енциклопедија

Ингрид Кристенсен Категорија:Земја на Принцезата Елизабета