десно|мини|250x250пкс| Трите пониски езера. Влахини Езера ― група од шест езера, од кои пет се постојани, во планинскиот венец Пирин во Пиринскиот дел на Македонија, денес во Бугарија, 1,5 км југозападно од Вихрен. Езерата го добиле името по селото Влахи, кое се наоѓа на помала надморска височина. Други имиња на езерата се Вихренски и Елтепски Езера.

Прво и најголемо езеро е Големото Влахино Езеро со 2.302 м. Неговата големина е 400x245 м, со површина од 23,4 декари и длабочина од 13,4 м. Капацитетот на вода е 421.000 м3. Подолу се наоѓа на 2.300 м најмалото езеро со големина 68x50 м, површина од 3 декари, длабочина од 8,4 м и волумен од 10.000 м3. Третото езеро е на 300 м од Големото Влахинско Езеро на иста кота како второто езеро. Издолжена е (145x100 м), но многу плитка - до 0,8 м. Капацитетот на вода е 4.400 м3. И четвртото езеро (2.291 м) е издолжено (245x56 м) и има површина од 10 декари. Количината на вода е само 9.000 м3. Петтото езеро е на најголема надморска височина меѓу постојаните езера во планините, на источните падини на ридот Гредаро.

Шестото езеро е на највисока кота и е најмало по површина меѓу групата.

Во езерата може да се најде балканска пастрмка ( радичка пастрмка). Водата се излева како Влахина Река, притока на Струма. центар|мини|500x500пкс| Големото Влахино Езеро

Наводи

Категорија:Езера на Пирин