Алексеевскаја (руски: Алексеевская) — станица на московското метро во Алексеевски, Москва, Русија. Се наоѓа на линијата Калужско-Рижскаја, помеѓу станиците ВДНХ и Рижскаја. Кружниот влез на станицата се наоѓа на источната страна на Проспект Мира помеѓу улиците Староалексеевскаја и Новоалексеевскаја.

Историја Дизајнирана е од С. Кравец, Ју. Колесникова и Г. Голубев и била отворена на 1 мај 1958 година.

Станицата првично била планирана да биде силно украсена како и претходните станици, но дизајнот бил изменет поради противењето на Хрушчов на непотребните декоративни елементи. Како резултат на тоа, Алексеевскаја има изненадувачки чисти линии за станица изградена во 1950-тите. Нејзините октогонални столбови се од бел мермер со зелени ленти, а сводовите, таванот и вентилационите решетки се обоени во бело. Осветлувањето доаѓа од воздржани, но елегантни лустери.

Од отворањето во 1958 до 1966 година станицата била позната како Мир (руски: Мир) и на тој начин го носела најкраткото име во историјата на московското метро. Во 1966 била прекрстена во Шербаковскаја во 1966 година во чест на Александар Шчербаков, основач на Сојузот на советските писатели. Во ноември 1990 година, градот ја преименувал станицата Алексеевскаја, како историската населба Алексеевское, која некогаш му припаѓала на принцот Дмитриј Трубецкој.

Наводи

Категорија:Московско метро Категорија:Линија Калужско-Рижскаја Категорија:Станици на Московското метро