Јасенево (руски: Ясенево) — станица на московското метро во Јасенево, Москва, Русија. Се наоѓа на линијата Калужско-Рижскаја, помеѓу станиците Топли Стан и Новојасеневскаја.

Дизајнирана е од Н. Шумаков, Г. Мун и Н. Шуригина и била отворен на 17 јануари 1990 година. Јасенево има кружни, зеленикави мермерни столбови и ѕидови со жолтеникави метални плочки и розов мермер.

Влезовите на станицата се наоѓаат под раскрсницата помеѓу авенијата Новојасеневски, улицата Тарускаја и улицата Јасногорскаја.

Категорија:Станици на Московското метро