Никола Иванов Генадиев ( во Битола — ) — бугароман и бугарски новинар и политичар од македонска народност.
Животопис Никола Генадиев е роден на 19 ноември (1 декември нов стил) 1868 г. во град Битола.Алманах на българските национални движения след 1878, Академично издателство „Марин Дринов“, София 2005, с. 436. Основното образование го завршил во Битола. Уште како дете, на осумгодишна возраст, во 1876 година се преселува со семејството во Пловдив, каде што ја завршил Пловдивската гимназија во 1885 година. лево|мини|Редакцијата на Балканска зора: Никола Генадиев, Харитон Генадиев, Иван Стојанович, Владимир Неделев Зел учество во Обединувањето на Бугарија, а потоа и во Српско-бугарската војна, во која бил доброволец во одредот на капетан Коста Паница. Во 1891 завршил политички и административни науки и право при Бриселскиот слободен универзитет, а потоа работи како адвокат и новинар во Пловдив. Заедно со својот брат Харитон го основале весникот „Балканска зора“, кој е првиот бугарски весник кој излегува секојдневно по Ослободувањето на Бугарија.
Убиство После Септемвриското востание од 1923 година биле ликвидирани многу приврзаници на востаничкото движење. Во Министерството за војна на Бугарија, на состанок на кој присуствувале претставници на Тодор Александров и Александар Протогеров, по предлог на Иван В’лков, било решено да го убијат министерот Никола Генадиев, бидејќи во него гледале опасност дека може да го поведе народот и да ги симне од власт деветтојунците.
Се смета дека извршители на убиството биле Димитар Ѓузданов и Радев.
Наводи
Категорија:Политичари од Битола Категорија:Убиени по наредба на Тодор Александров Категорија:Бугаромани