Давид Калпачки (роден на 1 јуни 2000 година) ― македонски средишен фудбалер.
Клупска кариера Во 2013 година се приклучил во младинските категории на Хоризонт Турново и таму бил до 2017 година. Во втората половина на 2016/17, тој се преселил во третолигашот Беласица. Таа сезона, Калпачки со Беласица станал првак во Третата лига - Исток и се унапредиле во Втората лига - Исток. Во сезоната 2017/18, Калпачки и Беласица станале прваци и обезбедиле директен пласман во Првата лига. Сезоната 2018/19, Беласица завршила на претпоследното 9. место, и со тоа Калпачки и неговата екипа, повторно се вратиле во Втората лига. Во сезоната 2019/20, поради ширењето на пандемијата на COVID-19 од вирусот SARS-CoV-2, Фудбалската федерација на Македонија на 12 март 2020 (после 17 одиграни кола) одлучила, поради безбедноста на фудбалските работници, привремено да ја суспендира Втората лига и останатите натпреварувања организирани од Федерацијата. На 26 мај, Федерацијата одлучила дека Првенството воопшто нема да се продолжи. Три дена подоцна, Федерацијата одлучила дека првите моментално пласирани екипи од лигите, Пелистер и Беласица, ќе бидат унапредени. Со тоа, Калпачки станал прволигашки фудбалер. Калпачки и Беласица, повторно, не успеале да опстојат во Првата лига бидејќи завршиле на последното 12. место во сезоната 2020/21. Во јули 2021 година, тој се преселил во словенечка Крка, екипа која играла во Втората словенечка лига, и таму останал една сезона. Сезоната 2022/23, Калпачки се вратил во Македонија и потпишал за прволигашот Скопје. Таму не останал долго бидејќи во втората половина на истата сезона, се преселил во Брегалница 2008. Со Брегалница 2008 продолжил да настапува во сезоната 2023/24.
Репрезентативна кариера Тој бил член на македонската репрезентација под 21 година.
Почести Беласица Првак во Втората македонска фудбалска лига (1): 2017/18 Првак во Третата македонска фудбалска лига - Исток (1): 2016/17
Наводи
Надворешни врски
Давид Калпачки на Transfermarkt.com Давид Калпачки на Worldfootball.net Давид Калпачки на Flashscore.com
Категорија:Фудбалери на ФК Турново Категорија:Фудбалери на ФК Брегалница 2008 Категорија:Фудбалери на ФК Беласица (Струмица) Категорија:Фудбалери на ФК Скопје Категорија:Фудбалери на НК Крка Категорија:Фудбалери од Берово Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 2000 година Категорија:Фудбалери во Првата македонска фудбалска лига Категорија:Фудбалери во Втората македонска фудбалска лига Категорија:Фудбалери во Третата македонска фудбалска лига Категорија:Фудбалери во Втората словенечка фудбалска лига Категорија:Машки фудбалски средишници Категорија:Македонски фудбалски средишници Категорија:Македонски фудбалски репрезентативци под 21 година