Кавалски Санџак (османски турски: Sancak-i/Liva-i Kavala) ― отомански санџак или лива, односно покраина од второ ниво, што го опфаќала регионот околу пристанишниот град Кавала (сега во Егејскиот дел на Македонија) во источна Македонија.

Историја Градот веројатно паднал во рацете на Османлиите околу 1383 година, кратко по падот на Сер.Beldiceanu-Steinherr & Giannopoulos (1978), стр. 776–777 Во 15 век, Кавалско било познато по своето производство на житарки и свила, но главно по рудниците за сребро.

Санџакот е споменат од Леунклавиј во 1588 година и повторно во седмиот том од патописите на Евлија Челеби како покраина на Островскиот Пашалак, но во петтиот том од истото дело едноставно како капетанија на Галиполскиот Санџак.Birken (1976), стр. 56, 106 Во времето на посетата на Евлија Челебија, Санџакот содржел 12 зијамети и 235 тимари и бил поделен на седум кази.

Во 18 век и првата половина на 19 век, Драмскиот Санџак бил дел од Румелискиот Пашалак; неговите приходи обично му биле доделени на пашата на Солун, кој управувал со Санџакот преку фискален агент (мутеселим). Со административните реформи од 1864 година, Санџакот бил укинат и вклучен во Драмскиот Санџак кој бил дел од Солунскиот Вилает. Градот Драма останал средиште на казата во новата покраина.

Поврзано

Кавала (округ)

Наводи

Извори

Категорија:Санџаци на Отоманското Царство во Европа Категорија:Отоманска Македонија Категорија:Престаноци во 1860-тите во Отоманското Царство Категорија:Држави и територии прекинати во 1860-тите Категорија:Историја на Кавала