Кралство на Источните Саксонци (; ), познато и како Кралство Есекс ― едно од седумте кралства од англосаксонската хептархија. Кралството било основано во 6 век и ги опфаќало териториите на денешните грофовии Есекс, Мидлсекс, поголемиот дел од Хертфордшир и (накратко) западен Кент. Последен крал на Есекс бил Сигеред од Есекс, кој во 825 година му го предал кралството на Егберхт, кралот од Весекс.
Протегање Кралството Есекс на север се граничело со реката Стур и Кралството Источна Англија, на југ со реката Темза и Кент, на исток било Северно Море и на запад Мерсија. Територијата опфаќала две провинциски римски престолнини, Колчестер и Лондон.
Источните Саксонци, исто така, одвреме навреме имале контрола врз Сари. Накратко во 8 век, Кралството Есекс го контролирало западниот дел од Кент.
Денешната англиска грофовија Есекс ги има истите историски граници на север и југ, но ја зафаќа територијата источно од реката Леа, а другите територии ги изгубила во 8-миот век за сметка на соседна Мерсија.
Историја Иако Есекс било едно од кралствата на Хептархијата, неговата историја не е добро документирана и како резултат на тоа, поголем дел од историјата на кралството се смета за релативно нејасна.H Hamerow, Excavations at Mucking, Volume 2: The Anglo-Saxon Settlement (English Heritage Archaeological Report 21, 1993) Во поголемиот дел од постоењето на кралството, кралот на Есекс бил потчинет на господар - различни кралеви од Кент, Источна Англија или Мерсија.
Потекло Саксонците се населиле на овие територии на почетокот на 5 век. Според британската легенда територијата подоцна позната како Есекс на Саксонците им била отстапена од келтските Британци, по озлогласеното Предавство на долгите ножеви, кое се случило околу 460 г. за време на владеењето на кралот Вортигерн.
Кралството Есекс се зголемувало со припојување на помали подкралстваAndrew Reynolds, Later Anglo-Saxon England (Tempus, 2002, page 67) drawing on S Bassett (ed) The Origin of Anglo-Saxon Kingdoms (Leicester, 1989) или саксонски племенски групи.
Монархија Есекс се појавил како единствено кралство во текот на 6 век. Датумите, имињата и достигнувањата на кралевите на Есекс, како и за повеќето рани владетели од Хептархијата, се сведуваат на претпоставки (нема цврсти докази). Прв крал, според Источносаксонскиот кралски список, бил Есквин од Есекс, кој почнал да владее во 527 година. Според други извори, за основач на кралската династија Есекс се наведува След од Есекс.
Христијанство Најстар англиски запис за кралството датира од од Беде, кој пишува за доаѓањето на бискупот (подоцна свети) Мелитус во Лондон во 604 година. Етелберхт (крал на Кент и господар на јужна Англија според Беде) кој имал одредена власт во Есекс во тоа време, помогнал во покрстувањето на кралот Саберт од Есекс (син на След). Етелбрехт ја изградил црквата Свети Павле во Лондон, каде што денес се наоѓа катедралата Свети Павле. Беде го опишува Етелберхт како господар на Саберт.Bede, book II, chapter 3Stenton, Anglo-Saxon England, p. 109. По смртта на Саберт во 616 г.н.е., Мелитус бил протеран и кралството се вратило кон паганството.
Кралството повторно го примило христијанството за време на владеењето на Сигеберхт II Добриот по мисијата на Свети Сед, кој основал манастири во Тилабург и Итанчестер.
Есекс се вратил на паганството во 660 година откако паганскиот крал Свителм од Есекс дошол на власт. Тој се покрстил во 662 година, но умрел во 664 година. Неговите два сина, Сигхере и Себи, го наследиле на престолот. Чумата која избувнала истата година ги натерала Сигхере и неговиот народ да се откажат од своето христијанство и Есекс по трет пат се свртел кон паганизмот. Вулфер од Мерсија ја искористил слабоста на кралството и се наметнал како господар. Беде ги опишува Сигхере и Себи како „владетели […] под Вулфер, кралот на Мерцијците“.Kirby, The Earliest English Kings, p. 114. Вулфер го испратил Јаруман, епископ од Личфилд, да ги покрсти Источните Саксонци.Bede, HE, III, 30, pp. 200–1.
Вајн (во 666 година)Fryde, et al. Handbook of British Chronology p. 239 и Еркенвалд (во 675 година) биле назначени за лондонски бискупи со црковна власт над Источносаксонското Кралство.
Иако Источните Саксонци го изгубиле Лондон (и остатокот од Мидлсекс) во 8 век, бискупите од Лондон имале црковна власт врз Есекс како кралство, шир и округ до 1845 година.
Подоцнежна историја и пропаѓање Есекс одржувал добри односи со соседното кралство Кент. Како резултат на тоа кралот След стапил во брак со Рикула, сестра на кралот Етелберт од Кент. Накратко во 8 век, Кралството Есекс го опфаќало и западен Кент. Во овој период, кралевите на Есекс издавале свои скеати (монети), можеби како потврда на сопствената независност. Сепак, кон средината на 8-ми век, голем дел од кралството, како и Лондон, потпаднал под Мерсија, а кралството се свело само на крајниот дел, приближно територијата на денешната област. По поразот од мерсискиот крал Беорнвулф околу 825 н.е., Сигеред, последниот крал на Есекс, му го предал кралството кое потоа станало сопственост на кралот од Весекс, Егберт.
Список на кралеви На следниот список од кралеви може да се изоставени цели генерации. Период Владетел Белешки 527 до 587 година (можеби) Есквин или Eрхенвин Прв крал според некои извори, други извори велат дека неговиот синот След бил прв крал 587 до пред 604 След Син на Есквин/Ерхенвин Пред 604 до 616/7? Саберхт Син на След 616/7? до 623? Сексред Син на Саберхт. Заедно владеел со Севард и со третот брат; бил убиен во битка против Западните Саксонци 616/7? до 623? Севард Син на Саберхт. Заедно владеел со Сексред и третиот брат; бил убиен во битка против Западните Саксонци 616/7? до 623? (трет син на Заберхт, името не е познато) Заедно владеел со Сексред и Севард; убиен во битка против Западните Саксонци 623? до анте Сигеберхт Малиот Сигеберхт Добриот Очигледно син на Севард. Сент Сигеберт; Свети Себи (Празник 29 август) 660 до 664 година Свитхелм 664 до 683 година Сигхер син на Сигеберхт, веројатно „добриот“. Заеднички крал со Себи 664 до Себи Син на Сексред. Заеднички крал со Сигхер; абдицирал во корист на неговиот син Сигеард до Сигеард Заеднички крал со неговиот брат Свефрд Handbook of British Chronology (CUP, 1996) до Свефрд Син на Себи. Заеднички крал со неговиот брат Сигеард Офа Син на Сигер. Заеднички крал за време на вториот дел од владеењето на Свефред и можеби Сигеард. Саелред Веројатно заеднички крал со Свефберт Свефберт Веројатно заедно со Саелред 746 до 758 година Свитред Внук на Сигеард 758 до 798 година Сигерик Син на Саелред. Абдицирал 798 до 812 година Сигеред Син на Сигерик. Мерсија била поразена од Егберт од Весекс, подкралството Есекс било придодаденокон Весекс; од 812 до околу 825 владеел само како војвода.
Наводи
Библиографија
Карпентер, Клајв. Кралеви, владетели и државници. Guinness Superlatives, Ltd Рос, Марта. Владетели и влади во светот, том. 1. Најраните времиња до 1491 година.
Дополнителна литература
Категорија:Поранешни монархии во Европа Категорија:Појавено во 527 година Категорија:Британски монархии