Пукањето во основното училиште Сенди Хук било масовно пукање што се случило на 14 декември 2012 година, во Њутаун, Конектикат, САД, кога 20-годишниот Адам Ланза застрелал и убил 26 луѓе. Дваесет од жртвите биле деца на возраст меѓу шест и седум години, а другите шест се возрасни членови на персоналот. Претходно истиот ден, пред да вози до училиштето, Ланза смртно ја застрелал мајка си во нивниот дом во Њутаун. Кога првите спасувачи пристигнале во училиштето, Ланза се самоубил, пукајќи си во главата.
Инцидентот е најсмртоносното масовно пукање во историјата на Конектикат и најсмртоносното масовно пукање во основно училиште во историјата на САД. Тоа е исто така второ најсмртоносно пукање во училиште во САД и четврто најсмртоносно масовно пукање воопшто. Пукањето поттикнало обновена дебата за контрола на оружјето во САД, вклучително и предлози системот за проверка да се направи универзален и за новото федерално и државно законодавство за оружје кое забранува продажба и производство на одредени видови полуавтоматско огнено оружје во кое може да се сместат повеќе од десет куршуми.
Извештајот од ноември 2013 година, издаден од канцеларијата на државниот обвинител во Конектикат, заклучил дека Ланза дејствувал сам и ги планирал своите постапки, но не обезбедил никакви индикации зошто го направил тоа или зошто токму тоа училиште му било цел. Во извештајот издаден од Канцеларијата на застапникот за деца, во ноември 2014 година, се вели дека Ланза имал Аспергеров синдром и како тинејџер имал депресија, анксиозност и опсесивно-компулсивно растројство, но заклучил дека тие „ниту предизвикале, ниту довеле до неговите дела“. Во извештајот се вели: „неговите тешки и влошени внедрени проблеми со менталното здравје[...] во комбинација со нетипична преокупација со насилство[...] (и) пристап до смртоносно оружје[...] покажале рецепт за масовно убиство.“Report of the Office of the Child Advocate, p.9, section 36
Заднина Заклучно со 30 ноември 2012 година, 456 деца биле запишани во градинка до четврто одделение во основното училиште Сенди Хук. Според безбедносните протоколи на училиштето, посетителите морале поединечнода бидат идентификувани преку видео монитор. Вратите на училиштето се заклучувале во 9:30 часот наутро секој ден, откако ќе пристигнеле учениците.
Насилниот криминал бил редок во градот со 28.000 жители, имало само едно убиство во градот, десет години пред пукањето во училиштето.
Според тогашниот закон во Конектикат, 20-годишниот Ланза бил доволно возрасен за да носи долг пиштол, пушка или сачмарка, но премногу млад за да поседува или да носи пиштоли. Пиштолите што ги користел биле легално купени од неговата мајка.
Настани
Убиството на Ненси Ланза Некаде пред 9:30сум Источен часовен појас во Северна Америка на 14 декември 2012 година, Ланза ја застрелал и ја убил својата мајка Ненси Ланза, која била на возраст од 52 години, со пушка Севиџ Марк II калибар 0,22 во нивниот дом во Њутаун. Инспекторите подоцна го пронашле нејзиното тело облечено во пижами, во нејзиниот кревет, со четири прострелни рани на главата. Ланза потоа се возел до основното училиште Сенди Хук со автомобилот на неговата мајка.
Масовното пукање Малку по 9:35 часот, вооружен со пушката на мајка му Bushmaster XM15-E2S и десет касети со по 30 куршуми, Ланза пукал низ стаклениот панел веднаш до заклучените влезни врати на училиштето. Носел црна облека, жолти тампони за уши, очила за сонце, црна капа и маслинесто зелен елек. Првичните информации дека носел панцир биле неточни. Некои од присутните ги слушнале првичните истрели на училишниот разглас, кој се користел за утрински соопштенија.
Директорката Даун Хохспрунг и училишниот психолог Мери Шерлах имале состанок со други членови на училиштето кога слушнале, но не препознале истрели. Хохспрунг, Шерлах и главната учителка Натали Хамонд влегле во салата за да го утврдат изворот на звуците и наишле на Ланза. Еден член кој бил на состанокот рекол дека трите жени викале „Пукач! Останете на место!“ со што ги предупредиле нивните колеги за опасноста, и им ги спасиле животите. Еден помошник слушнал истрели. Наставник кој се криел во математичката лабораторија го слушнал училишниот чувар Рик Торн како вика: „Спушти го пиштолот!“ Ланза ги убил и Хохспрунг и Шерлах. Хамонд била погодена прво во ногата, а потоа се здобила со уште една прострелна рана. Таа мирно лежела во ходникот, а потоа, не слушајќи повеќе врева, се вратила во конференциската сала и ја притиснала вратата со телото за да ја држи затворена. Подоцна била лекувана во болницата Денбери.
Деветгодишно момче изјавило дека го слушнало извршителот како вели „Крени ги рацете!“, а некој друг вели: „Не пукај!“ Момчето исто така, слушнало многу луѓе како викаат и многу истрели преку разгласот додека тој, неговите соученици и неговата наставничка се засолниле во плакар. Дајан Деј, училишна терапевтка која била на состанокот со Хохспрунг, слушнала врескање проследено со повеќе истрели. Во нападот била ранета втората воспитувачка, која била замена во градинка. Додека затворала врата подолу низ ходникот, била погодена во стапалото со куршум кој се одбил.
Откако ги убил Хохспрунг и Шерлах, Ланза влегол во главната канцеларија, но очигледно не ги видел луѓето што се криеле таму, и се вратил во ходникот. Училишната медицинска сестра на 60 годишна возраст, Сара (Сали) Кокс, се скрила под бирото во нејзината канцеларија. Подоцна опишала дека ја видела вратата како се отвора и чизмите и нозете на Ланза свртени кон нејзиното биро од приближно 6 метри далечина. Тој останал да стои неколку секунди пред да се заврти и да замине. Таа и секретарот на училиштето Барбара Халстед повикале 9-1-1 и се криеле во плакарот за прва помош дури четири часа. Домаќинот Рик Торн трчал низ ходниците, предупредувајќи ги останатите во другите училници.
Пукање во училница мини|План на основното училиште Сенди Хук: Училниците 8 (Русо/Д'Авино), 10 (Сото/Марфи) и 12 (Роиг) се означени, како и главната канцеларија (о) и конференциската сала 9 (Хохспрунг/Шерлах/Хамонд) Ланза влегол во собата 8, училница во прво одделение каде Лорен Русо, заменик наставничка, ги однела своите ученици од прво одделение до задниот дел од собата, и се обидувала да ги скрие во бањата, кога Ланза насилно влегол во училницата. Русо, Рејчел Д'Авино (терапевт за однесување, која била вработена една недела во училиштето за да работи со ученик со посебни потреби) и петнаесет ученици од класот на Русо биле убиени. Четиринаесет од децата биле мртви на место, едно повредено дете било пренесено на лекување во болница, но подоцна била констатирана смрт. Повеќето од наставниците и учениците биле пронајдени заедно во бањата. Шестгодишно девојче, единственото преживеано, било пронајдено од полицијата во училницата по пукањето. За време на пукањето се скрила во еден агол од бањата во училницата. Свештеникот на нејзиното семејство им рекол дека таа преживеала глумејќи мртва. Кога стигнала до мајка си, ѝ рекла: „Мамо, добро сум, но сите мои другарчиња се мртви“. Детето го опишало стрелецот како „многу лут човек“. Девојче кое се криело во бања со две учителки, ѝ кажало на полицијата дека слушнало момче во училницата како вика: „Помогни ми! Не сакам да бидам овде!“, на што Ланза одговорила: „Па, ти си тука“, проследено со звуци на „чукање“.
Ланза отишол и во соба 10, друга училница за прво одделение во близина, и за ова постојат спротивставени извештаи за редоследот на настаните. Според некои извештаи, наставничката во училницата, Викторија Ли Сото, скрила некои од учениците во плакарот или бањата, а некои од другите ученици се криеле под клупите. Сото се движела кон вратата од училницата за да ја заклучи, кога Ланза влегол во училницата. Ланза отишол до задниот дел од училницата, ги видел децата под клупите и ги застрелал. Првоодделенецот Џеси Луис им викал на соучениците да трчаат за да се скријат, а неколку од нив тоа го направиле. Луис гледал во Ланза, кога Ланза смртно го застрелал. Друга верзија дадена од таткото на едно преживеано дете, вели дека Сото ги преместила децата во задниот дел од училницата, и дека тие биле седнати на подот кога влегол Ланза. Според оваа верзија, не зборувале ниту Ланза, ниту некој од присутните во училницата. Ланза зјапал во луѓето на подот, го вперил пиштолот во момче што седело таму, но не пукал. Момчето истрчало од училницата. Конечниот извештај за пукањето заклучил дека редоследот на настаните во собите 8 и 10 бил „неодреден“.
Извештајот на Хартфорд Курант вели дека шест од децата кои избегале, го направиле тоа кога Ланза престанал да пука, или затоа што му се заглавило оружјето или згрешил при повторното полнење. Претходните извештаи велеле дека кога Ланза влегувал во училницата, Сото му рекла дека децата се во аудиториумот. Кога неколку од децата излегле од нивните скривалишта и се обиделе да бегаат за да се спасат, Ланза смртно ги застрелал. Сото застанала меѓу своите ученици и стрелецот, кој потоа смртно ја застрелал. Ен Мари Марфи, професорката по дефектологија која работела со ученици со посебни потреби во училницата на Сото, била пронајдена како го покрива шестгодишниот Дилан Хокли, кој исто така починал. Сото и четири деца биле пронајдени мртви во училницата. Сото била во близина на северниот ѕид од собата со комплет клучеви во близина. Едно дете било пренесено во болница, но било констатирано дека е мртво. Шест преживеани деца од класот и возач на училиштен автобус се засолниле во блискиот дом. Според официјалниот извештај објавен од државниот правобранител, девет деца побегнале од училницата на Сото, а полицијата пронашла две кои се криеле во бањата. Петмина ученици на Сото биле убиени.
Верзии на преживеаните Наставничката Кејтлин Роиг (29) од прво одделение, скрила петнаесет ученици во бањата и ја забарикадирала вратата, велејќи им да бидат целосно тивки за да останат безбедни. Се верува дека Ланза ја заобиколил оваа училница, која била првата училница од левата страна на ходникот. Оваа училница имала парче црна градежна хартија што го покривала малиот прозорец на вратата. Ланза можеби претпоставил дека училницата на Роиг е празна, затоа што вратата била затворена, а прозорецот покриен.
Вработените во училишната библиотека Ивон Чех и Меријен Џејкоб, се обиделе да скријат осумнаесет деца во дел од библиотеката што училиштето ја користело за вежби. Кога виделе дека едната врата не може да се заклучи, ги натерале децата да ползат до складиштето, каде што Чех ја забарикадирала вратата со шкафче.
Наставничката по музика, Мерироз Кристопик (50), ги забарикадирала своите четвртоодделенци во мал плакар. Еден од учениците на Кристопик подоцна рекол дека Ланза пристигнал неколку моменти подоцна, удирајќи по вратата и викајќи: „Пушти ме да влезам“, додека учениците од класот на Кристопик тивко се криеле внатре.
Двајца ученици од трето одделение, избрани за помошници во училницата, оделе по ходникот до канцеларијата за да го достават утринскиот лист за присуство, во време кога почнало пукањето. Наставничката Аби Клементс ги повлекла двете деца во својата училница, каде што се скриле.
Лора Фајнштајн, специјалист за читање во училиштето, собрала двајца ученици надвор од нејзината училница и се скрила со нив под клупите откако се слушнале истрелите. Фајнштајн се јавила во училишната канцеларија и се обидела да се јави на 911, но не можела да се поврзе поради немање мрежа на нејзиниот мобилен телефон. Таа се криела со децата приближно 40 минути, по што органите на редот дошле да ги изведат надвор од собата.
Самоубиството на извршителот