Велешката контрачета — фашистичка и нацистичка чета создадена во Велес, дел од Михајловистичките контрачети во Македонија којшто биле создадени од страна на фашистичката власт на Бугарија во време на втората светска војна. Била создадена во октомври 1942 година и била првата контрачета во Македонија,Контрачети на ВМРО (2017) од Револуционерот но според тогашните документи почнала да дејствува околу декември 1942. Основачот и првиот водач на контрачетата бил Милан Панов Завков но после Пано Манев станал водач. Организацијата редовно се судрила со велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“. После народнотоослободувањето на Македонија голем дел од поранешни членови на контрачетата биле стрелани, заедно со нивниот водачот.

Историја

Со почетокот на ослободителна борба во Македонија почнале да се формираат повеќе воени единици против бугарската фашистичката окупација, заради тоа владата на Бугарија одлучила дека за да може успешно да дејствува против партизанските одреди морале да имаат луѓе од родното место што повеќе го знаеле теренот, народот и состојбата на околината, за да можат непречено да го контролира движењето на партизанските единици, да ги открива нивните бази. Заради тоа од наредба на окупаторската фашистичка влада на Бугарија била формирана велешката контрачета и членовите биле приклучени спротив нивната волја, таа била првата чета во Вардарска Македонија, дел од Михајловистички контрачети во Македонија.

Главниот иницијатор на формирање на контрачетна бил Стефан Симеонов, еден од по истакнатите водачи на армијата на Бугарија и поранешен деец на ВДРО, Симеонов после бабунската акција сметал дека со контрачетата бугарската фашистичка окупација би била повеќе стабилна. Бабунската акција имало големо влијание на окупаторите за формирањето на контрачетата, заради тоа што во ноември имало народен бунт во градот, и окупаторите на градот почнале да уапсуваат многумина луѓе, истовремено убивајќи неколку.Протестот на Македонките против бугарската фашистичка власт на 11.5.1942 во Велес, една од тврдините на македонската самосвест (2023) од Експрес Кога била формирана контрачетата за прв пат била составена од 23 членови и тие биле: Членови на Велешката контрачета (Октомври 1942)Бр.Име и презимеДата на постапувањеДата на напуштањеКолку денови биле во четатаПлата (дневна)1.Лазар Андрев Стојков24.10. 1942 29.10. 1942 6116 лева2.Димитар Ил. Сребров30.10. 1942 73.Димитар Ник. Манасев30.10. 1942 14.Панче Иванов Гулев5.Милан Панов Завков24.10. 1942 76.Георги Павлов Петров7.Лазар Илиев Андрев8.Илија Ангелов Трајков9.Петар Стојанов Костов10.Никола Панов Тошев30.10. 1942 111.Кимо Петров Матев24.10. 1942 712.Темелко Матев Костов13.Петруш Георгиев Лесов14.Иван Петров Божинов15.Борис Андреев Мирчев16.Петар Димев Давчев17.Апостол Христов Георгиев29.10. 1942 218.Иван Настов Теов19.Владо Стоилков Андрев20.Пане Николов Манев30.10. 1942 121.Христо Димев Дурчев22.Иван Илиев АндовНепознатоНекој од учесници во Велешката контрачета биле неписмени, заради тоа некој наместо да се потпишаат со име, се потпишале со палец и не го потпишале датумот на нивното приклучување.23.Георги Димев ЧалаковИзвор

Структура мини|287x287пкс|Телата од тие убиени од бугарската фашистичка власт со помош на Велешката контрачета

Водач Кога бил прифатен предологот за формирање на велешка контрачета од Софија почнало брза организација за формирањето на четата, заради тоа имало многу проблеми при почетокот на нејзиното дејство. Кога била формирана добила буџет од 3.000 лева со неколку оружја од Скопје, но голем дел на четниците кој се приклучиле немале претходно воено искуство.

За водач Трајко Чундев предложил кон фашистичката влада војводата Пано Манев, Манев во неговиот мемоари се претставувал како првиот водач и единствениот водач на четата, но поранешни документи задржани во архивски центри го именувале Милан Завков како првиот водач, многу малку е познато за Завков, освен дека бил роден во 1898 во селото Чашка, Македонија. Во 1943 Завков исчезнал и никогаш не бил пак најден, според неколку теории тој бил уапсан и стрелан од страна на ОЗН.

Сепак Пано Манев бил секретар на Милан Завков пред неговото исчезнување. Според Ѓорѓи Малковски помеѓу периодот на исчезнувањето на Милан Завков биле именувани двајца заменици, тие биле Данчо Зафиров Јондолски и Ангел Панов Филипов, но тие биле водачи за краток период. Во 26 јуни 1943 година за прв пат бил именуван Пано Манев како главниот водач на контрачетата.

Војниците Освен водач понекогаш имале секретар или заменик за водачот на четата. Голем број од војниците во контрачетата добиле малко за одбрана или за нивното учество, секој член добил само еден Карабин со 50 куршуми за одбрана, секој месец ќе добиле 50 куршуми додаток. Тие добиле и капа, црни чизми, немале униформа но носиле пелерина за да можале да се препознаат.

Главниот водач имал неколку разлики што другите членови немале, наместо 50 куршуми имал 100, наместо карабин имал шмајзер, нивната пелерина била поразлична во дизајн од другите војници во четата. Платата била еднака на сите, водачот и војниците добиле 116 лева дневно но кога биле отсутни немале да бидат платени за тој ден. Вкупното 116 лева означуваше 3.480 лева месечно за секој војник, тоа било еден од највисоките плати во градот Велес, началници на полицајци во тоа време имале просечна месечна плата на 3.800 лева. Тоа докажало дека фашистичката влада на Бугарија би потрошила многу пари само за да можела да шири бугарска шовонистичка пропаганда во Македонија.

Воени дејства

1942 мини|Слика од Невена Георгиева - Дуња, еден од најпознатите македонски партизанки, убиена од бугарските фашистички војници којшто добиле информации за нејзината местоположба од контрачетите|лево Контрачетата била формирана според државни документи во октомври 1942 но ги почнале нивните воени дејства во декември 1942, нивната прва битка била во 13 ноември 1942, против велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“ во селото 'Рлевци, Велешко. Контрачетниците биле силно поразени и заробени, но биле пуштени бидејќи ветиле на водачите на партизанскиот одред дека немале да учествуваат како контрачетници.

Следниот голем судир бил во 4 декември 1942 кога ги откриле во мала база партизански војници во Солунска глава, ги следиле војници во различни села, партизанот Ристе Најдовски го убиле кога тој евакуирал од солунска глава до Папрадиште, Јован Басаров бил фатен во Отиштино и осуден во затвор па после обесен без правилна судска пресуда. Во овој напад била брутално убиена македонската партизанка Невена Георгиева - Дуња од страна на бугарските фашистички војници кој што добиле информации за нејзината местоположба од контрачетниците. Во 16 декември 1942 нападнале партизанска база во село Војница, Чашка, било пораз за македонските партизани, неколку биле заробени и седум партизани биле убиени.Според документација откриено од Ѓорѓи Малковски седумте убиени се: Анде Кошулчев (1923 - 1943), Благој Јанушев (1920 - 1943), Благородна Ивева (1923 - 1943), Стојан Трајков (1910 - 1943), Трајче Панов (1921 - 1943), Миле Милевски (1921 - 1943) и Нада Бутникошарева (1919 - 1943)

1943 Нивните воени дејства станале повеќе редовни, во 3-ти јануари 1943 откриле партизани во Дејковец, Зелениково но сите избегале освен еден партизани со името Владо Кошулчето (1912 - 1943). Заради нивните успеси тие почнале брутално да ги казнуваат и мачаат сите заробени партизани, учествувале во мачењето на Маца Овчарова каде што бугарската фашистичка полиција одлучила да ја закопале Овчарова во 7-ми јануари, 1943 иако уште била жива.

После тоа имале долг мирен период којшто траел за првата половина на годината и пак станале повеќе редовни покрај крајот на мај. Во 21 мај се судриле со партизанска база во Ораов Дол, Чашка, но никој не бил заробен ниту убиен и двете страни се повлекле. Во 6ти август истата година поразиле партизански војници покрај Азот, Чашка и ги убиле еден од водачите.

Покрај есента во 1943 годината неколку партизански единици се организирале да патуваат од Прилепско кон велешката територија со голем марш. Заради тоа Асен Богданов, кој што бил Скопскиот областен полициски началник формирал краткотрајна полициска единица која што патувала од Скопје до Велес. При тоа скопската полициска сила се приклучила со велешката полициска сила под водство на Константин Добрев, која што била во блиска соработка со велешката контрачета. Биле успешни и партизанските сили се привлекле во Прилеп.

1944 мини|302x302пкс|Мапа од февруарскиот поход, контрачетата учествувала со фашистичката бугарска држава против походот. Во 1944 година вооружената активноста продолжила но била во послаба состојба, многумина војници во четата изгубиле надеж дека би ги победиле партизаните, заради тоа бројот на војници почнало да се намалува. Како обид да не биле стрелани од партизаните, некои војници одлучиле да се приклучуваат со партизаните.

Некој верни во четата продолжиле, тие учествувале против февруарскиот поход заедно со Љубен Апостолов којшто бил водач на велешкиот полк на бугарската фашистичка армија, но немале успех. После Пролетната офанзива контрачетата била поразена. Покрај декември 1944 година после народното ослободување на Велес главната база на контрачетата била откриена и сите биле уапсани, во јануари 1945 како дел од масакрот во Велес биле стрелани војниците на контрачетата и нивниот водач

Категорија:Соработници во Втората светска војна Категорија:Македонија во Втората светска војна

Наводи

Категорија:Историја на Велес Категорија:Велес во НОБ