десно|мини|333x333пкс| Pistacia lentiscus Одгледување мастика на островот Хиос ) е одгледување и производство на мастика на островот Хиос во Грција. Во 2014 година е впишано на списокот на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на човештвото.

Историјат

Мастиката се одгледува на островот Хиос. Хиос е североисточен егејски остров многу блиску до Турција. Ароматични смоли мастика се добиваат од грмушките Pistacia lentiscus со екстракција. Мастиката одамна е позната по своите бројни својства. Хиос има речиси 2.000 одгледувачи на мастика кои живеат во 24 села кои го одгледуваат ова растение. Почвата од вулканско потекло и специфичната клима се одговорни за добивање смола во поголеми количини и со висок квалитет. Ароматичната смола се добива од јуни до септември со засекување на дрвото. Засекувањето се прави два пати неделно, а длабочината зависи од староста на самото растение, бидејќи е многу важно растението да закрепне по засекувањето. Подоцна се суши и се продава како парчиња, во прав, како темјан или во состав на други производи.

Список на УНЕСКО на нематеријално културно наследство на светот Одгледувањето мастика на островот Хиос е внесено под број 993 на списокот на нематеријално културно наследство на УНЕСКО во 2014 година. Мастиката не успева во другите региони бидејќи е единствената почва погодна за одгледување е овде. Културата на одгледување мастики претставува социјален настан во кој учествуваат цели семејства.

Поврзано

Мастика (пијалак)

Наводи

Надворешни врски

Што е мастика?

Категорија:Земјоделство Категорија:Нематеријално културно наследство