десно|мини|250x250пкс| Пеење на божиќни песни во Романија - Колиндат Колиндат () — обичај што ритуално се изведува на Бадник во селата во Романија и Молдавија.

За обичајот Ноќта пред Божиќ, односно на Бадник се собираат момчиња кои ги посетуваат куќите на домаќините и пеејат свечени обредни песни. Од домаќините добиваат подароци и пари. Песните се од епски карактер и се прилагодуваат за секој домаќин и неговата животна ситуација.

Ако во куќата има девојки за мажење, тогаш се пеат посебни песни за немажените девојки, кои танцуваат со нив, и се смета дека ова ќе им помогне во наредната година да најдат сопрузи. Колиндат е составен традиционално од неженети момчиња. Искусните мажи обично организираат обуки и честопати се поранешни водачи на Колиндат. Тие ритуални обредни песни се учеле на пробите до денот на изведбата. Во некои села се дозволувало и децата да присуствуваат на обуките за да ги научат обредните песни. Понекогаш се изведувала и претстава во костими со придружба на жива музика, а честопати имало и некоја кореографија.

Важноста на зачувувањето на Колиндат Зачувувањето на старите обичаи како нематеријално културно наследство е исклучително важно за зачувување на социјалниот идентитет на една земја. Романија и Република Молдавија се граничат преку реката Прут и долниот тек на реката Дунав. Поради близината имаат и некои слични обичаи. Во 2013 година Колиндат од Романија и Молдавија е впишан како нематеријално културно наследство на УНЕСКО. На тој начин се чува наследството на еден народ и се пренесува од колено на колено за да се зачуваат обичаите на тие народи.

Наводи

Надворешни врски Колиндат во Романија (на романски) Колиндат низ историјата (на романски)

Категорија:Нематеријално културно наследство Категорија:Култура на Молдавија Категорија:Култура на Романија