Царство Гупта ― древно индиско царство кое постоело од почетокот од 4 век до почетокот од 6 век. Во својот зенит, приближно од 319 до 467 година, зафаќало голем дел од Индискиот Потконтинент. Овој период историчарите го сметаат за златно доба на Индија.N. Jayapalan, History of India, Vol. Владејачката династија на царството била основана од Гупта, а најзначајни владетели од оваа династија биле Чандрагупта I, Самудрагупта, Чандрагупта II и Скандагупта. Санскритскиот поет Калидаса од 5 век навел дека Гупта освоиле дваесет и едно кралство, во и надвор од Индија, меѓу кои и персиските, хунските и камбоџанските кралства, племињата сместени по течението на реката Аму Дарја и други.Raghu Vamsa v 4.60–75
За време на владеењето на Самудрагупта, Чандрагупта II и Кумарагупта I имало голем културен напредок во државата. Многу хиндуистички епови и книжевни списи, како Махабхарата и Рамајана, биле создадени во овој период.Gupta dynasty (Indian dynasty) . Во царството работеле научници како Калидаса, Арјабхата, Варахамихира и Ватјајана, кои прилично напреднале многу академски области. Gupta dynasty: empire in 4th century . Во овој период имало извонредни достигнувања во архитектурата, вајарството и сликарството кои „поставија стандарди на формата и вкусот [кои] потоа го определија целиот тек на уметноста, не само во Индија туку и многу подалеку од нејзините граници“. Поради силните трговски врски, регионот бил важен културен центар кој своето влијание го проширил на блиските кралства и региони во Индија и Југоисточна Азија.Trade | The Story of India – Photo Gallery . Хиндуизмот процветал во Царството Гупта, но династијата Гупта била толерантна кон луѓето од други вери.
Царството пропаднало поради различни фактори како значителната загуба на територија, но и поради инвазијата на Хуните (Кидарити и Алхон Хуни) од Средна Азија. По распадот на Царството Гупта во 6 век, на територијата на Индија повторно се појавиле многу регионални кралства.
Историја лево|мини| Кралицата Кумарадеви и кралот Чандрагупта I, прикажани на златник Гупта (Гуптанско писмо :14x14пкс19x19пкс, сп. доцниот 3 век н.е.) е прв познат крал од династијата. Тој го основал Царството Гупта и владеел со него од околу 240 до 280 година додека неговиот наследник Гатоткача, наведен во натписите како махараџа, веројатно владеел помеѓу 280 и 319 година. Него го наследил син му Чандрагупта I, -335 година.
Во натписот од Алахабад, Гупта и Гатоткача се опишани како Махараџи („голем крал“), а Чандрагупта I е наречен Махараџадираџа („крал на големите кралеви“). Во подоцнежниот период, титулата Махараџа ја користеле феудаторските владетели, што довело до претпоставки дека Гупта и Гатоткача биле вазали (најверојатно на Царството Кушан). Сепак, постојат неколку примери на суверени владетели кои ја користеле титулата Махараџа (во периодот пред и по Гупта) така што ова не може да со сигурност да се потврди. Сепак, нема сомнеж дека Гупта и Гатоткача имале понизок статус и помала моќ од Чандрагупта I.
Чандрагупта I се оженил со личависката принцеза Кумарадеви, што можеби му помогнало да ја прошири својата политичка моќ и доминација, и му овозможило да ја усвои царската титула Махараџадхираџа. Според официјалните записи на династијата, него го наследил неговиот син Самудрагупта. Меѓутоа, откако биле откриени монети издадени од владетел на Гупта по име Кача се развила дебата на оваа тема: според една теорија, Кача било друго име за Самудрагупта; друга можност е дека Кача бил претендент за престолот.
Самудрагупта Самудрагупта го наследил татко му околу 335 или 350, и владеел до 375 година.
На почетокот на неговото владеење тој ги освоил кралствата Шичхатра и Падмавати, а потоа ја проширил својата власт во Кралството Кота и ги нападнал племињата (Јаудхеја, Арџунајана, Мадура и Абхира) од регионот Малва (сега индиската држава Мадја Прадеш). Пред неговата смрт во 375 година, неговата територија се протегала од Хималаите до реката Нармада и од Брамапутра до Јамуна. Тој ја презел титулата „Голем крал на кралевите“ и „Монарх на светот“. За да ги прослави своите освојувања, тој го практикувал обредот на жртвување на коњи (ашвамеда, кој го користеле древните индиски кралеви за да ја докажат својата царска сувереност) и ковал златници на кои е прикажано жртвувањето.
На дворот на Самудрагупта живееле важни научници, како Харишена, Васубанду и Асага, а и самиот крал бил поет и музичар. Тој бил поддржувач на хиндуизмот и бил посветен на богот Вишну. но покажал толеранција кон другите религии и му дозволил на будистичкиот крал од Шри Ланка да изгради манастир во Бод Гаја.
Рамагупта мини| Стоечки Буда во црвен песочник, Уметност од Матура, Гуптански период о. 5 век. Музеј во Матура Рамагупта бил брат на Чандрагупта. Рамагупта е познат од драмата од шестиот век, Девичандрагупта, во која тој својата сопруга ја предава на непријателот Сака, а неговиот брат Чандрагупта мора да се прикраде во непријателскиот логор за да ја спаси и да го убие кралот Сака. Точноста на овие настани не е потврдена, но постоењето на Рамагупта е потврдено со три џаински статуи пронајдени во Дурјанпур, каде тој е наречен Махараџадхираџа. Пронајдени се и многу негови бакарни монети во регионот Еран - Видиша.
Чандрагупта II „Викрамадитја“ Според записите од Гупта, Самудрагупта го именувал Чандрагупта II за негов наследник. Чандрагупта II Викрамадитја (победа на сонцето), владеел од 375 до 415 година. Тој се оженил со принцезата Кадамба од Кунтала. Нивната ќерка Прабхаватигупта се омажила за Рудрасена II, владетелот на Вакатака од Декан. Неговиот син Кумарагупта I бил оженет со принцезата Кадамба од регионот Карнатака. Чандрагупта II го проширил своето царство на запад, покорувајќи ги царствата во Малва, Гуџарат и Саураштра во кампања која траела до 409 година. Неговиот главен противник Рудрасимха III бил поразен со 395, а ги уништил и бенгалските поглавари. Со ова неговата територија се протегала од еден брег до друг, и основал втор главен град во Уџаин. Натписите од Кунтала укажуваат дека Чандрагупта владеел и со регионот Кунтала во индиската држава Карнатака. десно|мини| Златни монети од Чандрагупта II За време на неговото владеење имало процут во уметноста, кножевноста, културата и науката. Изрезбаните панели во храмот Дашаватара во Деогар припаѓаат на овој период. Просперитет доживеале и будистичката и џаинистичката култура, а будистичката уметност од периодот на Гупта била влијателна во поголемиот дел од Источна и Југоисточна Азија. Се смета дека познатиот поет Калидаса живеел на неговиот двор.
Кумарагупта I мини|Сребрена монета на кралот КумарагуптаНа аверсот е главата на владетелот со капа украсена со полумесечини, а на задната страна е божествената птица Гаруда. Чандрагупта II бил наследен од неговиот втор син Кумарагупта I. Кумарагупта ја презел титулата, Махендрадитја. Владеел од 414 до 455 година. Кон крајот на неговото владеење војувал со племето Пушјамитра и со Кидарите.History of Civilizations of Central Asia, Ahmad Hasan Dani, B.A. Litvinsky, UNESCO pp. 119–
Тој го основал Наландскиот универзитет кој на 15 јули 2016 година бил прогласен за светско наследство на УНЕСКО. Кумарагупта бил обожавател на Картикеја.
Скандагупта Кумарагупта I бил наследен од неговиот син Скандагупта, кој обично се смета за последен од големите владетели на Гупта. Тој ги презел титулите Викрамадитја и Крамадитја. Успеал да ја искорени заканата од Пушјамитра и го одбранил царството од инвазиите на Белите Хуни од североисток (околу 455) и за своите победи ја презел титулата Викрамадитја.
Но трошоците за војна ги исцрпиле ресурсите на царството и придонеле за нејзиниот пад. Натпис на столб во Битари кој го напишал Скандагупта кажува дека царството било речиси уништено по нападите на Кидарите.The Huns, Hyun Jin Kim, Routledge, 2015 pp. 50– Најверојатно Кидарите го освоиле западниот дел од Царството Гупта.
Скандагупта умрел во 467 година и бил наследен од неговиот агнат брат Пуругупта.
Слабеење и пад на царството По смртта на Скандагупта, царството почнало да слабее,Sachchidananda Bhattacharya, Gupta dynasty, A dictionary of Indian history, (George Braziller, Inc., 1967), 393. а кованица од Царството Гупта укажува дека ја загубиле контролата врз поголемиот дел од Западна Индија по 467–469 година. Скандагупта бил наследен од Пуругупта (467–473), а по него следувале Кумарагупта II (473–476), Будагупта (476–495), Нарасимхагупта (495–530), Кумарагупта III (530–540), Вишнугупта (540–550), и два помалку познати кралеви Вајњагупта и Банугупта.
Кон крајот на 490-тите, Алхонските Хуни под водство на Торамана и Михиракула ја пробиле одбраната на Царството Гупта на северозапад, и до 500-та година голем дел од територијата во северозападниот дел била освоена. Според некои научници, царството се распаднало под нападите на Торамана и неговиот наследник Михиракула."The Alchon Huns....established themselves as overlords of northwestern India, and directly contributed to the downfall of the Guptas" in Според натписите се претпоставува дека Гупта, иако со многу намалена моќ, продолжило да им се спротивставува на Хуните. Хунскиот освојувач Торамана бил поразен од Банугупта во 510 година.Ancient Indian History and Civilization by Sailendra Nath Sen p. 220Encyclopaedia of Indian Events & Dates by S B. Bhattacherje p. Хуните биле поразени и протерани од Индија во 528 година од кралот Јашодарман од Малва, а можеби и заедно со царот од Гупта Нарасимхагупта.Columbia Encyclopedia
Овие инвазии, иако траеле само неколку децении, имале долгорочен ефект врз Индија и во одредена смисла довеле до крај на традиционалната индиска цивилизација.The First Spring: The Golden Age of India by Abraham Eraly pp. 48– Набргу по инвазиите, Царството Гупта пропаднало.Ancient Indian History and Civilization by Sailendra Nath Sen p. 221 Северна Индија била во неред, по распаѓањето на Гупта на нејзино место се појавиле многу помали индиски држави.A Comprehensive History Of Ancient India p. 174 Се смета дека инвазиите на Хуните сериозно ја оштетиле трговијата на Индија со Европа и Средна Азија, и со тоа предизвикале пад на приходите од трговијата.Longman History & Civics ICSE 9 by Singh p. 81
Наводи
Библиографија
Категорија:Поранешни царства Категорија:Царства и кралства во Индија Категорија:CS1: долга вредност за volume Категорија:Индиски династии Категорија:Средновековна Индија Категорија:Хиндуистички држави