мини|Товарна запрежна кола со четири тркала во Музејот на Македонија мини| Запрежна кола Запрежна кола — дрвено возило вообичаено со две или четири тркала осмислено да го влечат животни.
Историја Познато е дека запрежната кола била користена во 1 век пр.н.е. и тоа со новитети како што се жици и метални рамки за тркалата. Дури и многу старите примероци имале одлики како што се ротирачка предна оска и клин за прицврстување на тркалото од оската. Во својот суштински облик, запрежните коли се користат околу 2000 години.
Во текот на 9 век биле направени неколку дополнителни подобрувања на телото и конструкцијата, па колите ги замениле двоколките како превозно средство за патници и превоз на долги растојанија. Според својата конструкција, запрежните коли биле потешки, нивното квадратно тело била многу покорисно за превоз на товар и земјоделски производи, а поради четирите тркала биле постабилни и попријатни за возење.
Видови запрежни коли според намената Според намената запрежните коли се делат на: Товарни запрежни коли: најчест вид кој се користи за пренос на земјоделски производи (снопје, сено, пченка), огревни дрва и друг тежок товар. Тие се со цврста конструкција, обично со четири тркала. Пајтони и кочии: полесни возила наменети за превоз на патници. Во минатото биле главно средство за превоз во градовите, а денес најчесто се користат за туристички цели или свечености. Чези: мали, лесни запрежни коли со две тркала, најчесто наменети за брзо движење на едно или две лица.
Наводи
Категорија:Возила