Марко Антониј (латински: Marcus Antonius; 14 Јануари - 1 август 30 година пр. н.е.) ― староримски државник и генерал кој одиграл клучна улога во преминувањето на Римската Република во автократско Римско Царство. Бил член на Вториот триумвират и трикратен римски конзул.

Антониј бил роднина и поддржувач на Јулиј Цезар и служел како еден од неговите генерали за време на освојувањето на Галија и Граѓанската војна. Антониј бил назначен за администратор на Италија, додека Цезар ги елиминирал политичките противници во Грција, Северна Африка и Шпанија. По убиството на Цезар во 44 година пр. н.е., Антониј ги здружил силите со Марко Емилиј Лепид, уште еден од генералите на Цезар, и Октавијан, правнук и посвоен син на Цезар, и формирале тричлена диктатура позната како Втор триумвират. Триумвирите, во Битката кај Филипи во 42 година пр. н.е., ги поразиле убијците на Цезар (т.н. Либератори), и меѓу себе ја поделиле власта во Републиката. На Антониј му биле доделени источните римски провинции, меѓу кои и клиентското кралство Египет, со кое тогаш владеела Клеопатра VII Филопатор и добил команда во војната на Рим против Партија.

Триумвирите имале лоши меѓусебни односи зошто секој од нив се стремел да стекне поголема политичка моќ. Во 40 година пр. н.е. откако Антониј се оженил со сестрата на Октавијан, Октавија, била спречена граѓанска војна меѓу Антониј и Октавијан. И покрај овој брак, Антониј ја продолжил љубовната врска со Клеопатра, која му родила три деца, што дополнително ги заострувало односите меѓу Антониј и Октавијан. Лепид бил исклучен од Триумвиратот во 36 година пр. н.е., а во 33 година пр. н.е. несогласувањата меѓу Антониј и Октавијан предизвикале раскол. Кулминација на нивното непријателство била граѓанската војна од 31 година пр. н.е., кога Римскиот сенат, по наредба на Октавијан, ѝ објавил војна на Клеопатра и го прогласил Антониј за предавник. Истата година, Антониј ја загубил Битката кај Акциум. Антониј и Клеопатра побегнале во Египет каде што откако повторно биле поразени во Битката кај Александрија, извршиле самоубиство.

По смртта на Антониј, Октавијан станал неприкосновен господар на Рим. Во 27 година пр. н.е., Октавијан ја добил титулата Август , што ја означува последната фаза во трансформацијата на Римската Република во царство, а Октавијан станал бил прв римски цар.

Детство и младост Марко Антониј е роден во Рим на 14 јануари 83 година пр. н.е.Plutarch, Life of Antony 86.5.Suerbaum 1980, 327–34. Негов татко бил Марко Антониј Кретик, син на познатиот оратор Марко Антониј кој бил убиен за време на чистките на Гај Мариј во зимата 87-86 г. пр. н.е.Huzar 1978, p. 14 Неговата мајка Јулија, била трета братучетка на Јулиј Цезар. мини| Братот на Антониј, Луциј, на монета издадена во Ефес за време на неговото конзулство во 41 година пр. н.е. Според Плутарх, Антониј своите тинејџерски години ги поминал во талкање низ Рим, коцкање и пиење и често се впуштал во скандалозни љубовни афери.Scullard 1980, p. 154 Неговиот современик и непријател, Цицерон, го обвинил дека имал хомосексуална врска со Гај Скрибониј Курио.Eyben 1993, p. 236 Ваквите клевети во тоа време во Римската Република биле начин за да се понижат и дискредитираат политичките противници. Има малку веродостојни информации за неговата политичка активност како млад човек, но познато е дека соработувал со Публиј Клодиј Палчер и неговата улична банда.Eyben 1993, p. 58 Тој, исто така, можеби бил вклучен во култот на Луперкал бидејќи подоцна во животот го нарекувале свештеник од овој ред.Huzar 1978, p. 25 На дваесетгодишна возраст, Антониј веќе бил презадолжен. Надевајќи се дека ќе ги избегне своите доверители, во 58 година пр. н.е. Антониј побегнал во Грција, каде што во Атина студирал филозофија и реторика.

Рана кариера Во 57 година пр. н.е., Антониј станал началник на коњаницата кај проконзулот за Сирија, Аул Габиниј.Weigall, 1931, p. 102 Со ова започнала неговата воена кариера.Jallet-Huant, 2009, p. 25

Антониј го придружувал Габиниј во походите во Јудеја. Антониј по важните победи во Александрион и Махерон, за прв пат бил воено одликуван.Plutarch, Antony, 3 десно|мини|265x265пкс| Биста на фараонот Птоломеј XII Авлет. Следната година, во 55 година пр. н.е., Габиниј интервенирал во политичките работи во Птоломејски Египет. Во 58 година пр. н.е. со бунт предводен од неговата ќерка Береника IV бил соборен Фараонот Птоломеј XII Авлет и бил принуден да бара азил во Рим. Габиниј, спротивно на наредбите од сенатот, се обидел да го врати Птоломеј на неговиот престол. Откако Птоломеј XII бил вратен како клиентски крал на Рим, Габиниј во Александрија поставил гарнизон од две илјади римски војници кои требало да ја чуваат власта на Птоломеј. Поради поддршката, Рим имал значителна моќ врз кралството, особено изразена преку контрола на приходите и приносите од земјоделските култури.Siani-Davis, 1997, 388 Антониј подоцна изјавил дека таму првпат се сретнал со тогаш 14-годишната ќерка на Птоломеј XII, Клеопатра.Roller, 2010, pp. 24-25.

За време на неговата воена служба, Антониј се оженил со својата братучетка Антонија Хибрида Минор. Во бракот им се родило девојче, Антонија. Не е познато дали ова бил прв брак на Антониј.

Во служба на Цезар

Галски војни Во 54 година пр. н.е. Антониј станал дел од воениот персонал на Цезар, и го придружувал во освојувањете на Галија. Како генерал Антониј покажал одлично воено водство. Со Цезар развиле пријателски односи кои биле зачувани до убиството на Цезар во 44 година пр. н.е. Цезаровото влијание на Антониј му овозможило брз политички напредок. Во 52 пр. н.е., Цезар го испратил Антониј во Рим за формално да ја започне својата политичка кариера, при што како член на Популарите бил избран за квестор. Антониј се вратил во Галија и во Битката кај Алесија против галскиот поглавар Верцингеторикс командувал со коњаницата на Цезар. По едногодишна служба, Цезар го унапредил Антониј во легат и му дал команда на две легии (приближно 7.500 војници).Jallet-Huant, 2009, p. 33

По завршувањето на Галските војни, во 50 година пр. н.е. Антониј бил пратен во Рим за да дејствува како заштитник на Цезар против Помпеј и другите Оптимати. Со поддршка на Цезар, кој како Понтифекс Максимус бил врховен римски религиозен водач, Антониј бил примен во свештеничкиот колегиум Авгури, важна свештеничка служба кој ја толкувал волјата на боговите преку интерпретација на летањето на птиците. Во 49 година пр. н.е. Антониј бил избран за еден од десетте народни трибуни. Од оваа позиција, Антониј со вето за непосакувани постапки можел да го заштити Цезар од неговите политички непријатели.

Граѓанска војна Несогласувањата меѓу Цезар и Помпеј кон почетокот на 49 година пр. н.е. преминале во отворена конфронтација. Конзулите за таа година, Гај Клаудиј Марцел Мајор и Луциј Корнелиј Лентул Крус, биле цврсти Оптимати против Цезар.Caesar, B.G. 8.50 Помпеј, иако останал во Рим, бил гувернер за Шпанија и командувал со неколку легии. Откако во јануари ја презел функцијата, Антониј веднаш свикал состанок на Сенатот за да се реши конфликтот: тој предложил Цезар и Помпеј да ги напуштат своите командни позиции и да им се врати статусот на обични граѓани.Plutarch, Antony, 6 Неговиот предлог го прифатиле мнозинството од сенаторите, но конзулите и Като жестоко се спротивставиле. Антониј тогаш дал нов предлог: Цезар да задржи само две од неговите осум легии и гувернернирањето со Илирик ако во отсуство му се дозволи да се кандидира за конзул. Ова го гарантирал неговиот имунитет од понатамошни тужби: му било потребно да стане конзул за да не биде гонет од Помпеј. Иако Помпеј се задоволил од отстапката, Катон и Лентул одбиле да се повлечат, а Лентул дури и насилно го избркал Антониј од состанокот на Сенатот. Антониј плашејќи се за својот живот избегал од Рим, и се вратил во логорот на Цезар на брегот на реката Рубикон.

Неколку дена по протерувањето на Антониј, на 7 јануари 49 година пр. н.е., сенатот повторно се состанал. Под раководство на Катон и со премолчена поддршка на Помпеј, Сенатот донел декрет со кој на Цезар му се одзема командата и му наредува да се врати во Рим за да му се суди за воени злосторства. Сенатот изјавил и дека ако Цезар веднаш не ја распушти својата војска, го прогласува за предавник и јавен непријател.Caesar, B.C. i.5 Три дена подоцна, на 10 јануари, Цезар го преминал Рубикон, и ја започнал Граѓанската војна.Plutarch, Pompey, 56.4 За време на маршот кон југ, Цезар го поставил Антониј како негов заменик командант.

Брзото напредување на Цезар го изненадило Помпеј, кој заедно со другите водечки Оптимати побегнал во Грција. Откако влегол во Рим, Цезар наместо да го гони Помпеј тргнал кон Шпанија за да ги победи тамошните приврзаници на Помпеј. Во меѓувреме, Антониј, со чин промагистрат - и покрај тоа што никогаш не служел како претор - бил поставен за гувернер на Италија и командант на тамошната војска, а Марко Емилиј Лепид, еден од штабните офицери на Цезар, раководел со привремената администрација во Рим.Hinard, 2000, p. 786Jallet-Huant, 2009, pp. 39–40 Иако Антониј им се допаднал на неговите војници, многу други граѓани го презирале поради незаинтересираноста за тешкотиите со кои се соочиле поради граѓанската војна.Plutarch, Antony, 8

Кон крајот на 49 година година пр. н.е., Цезар од контролата на Оптиматите ги презел Италија, Шпанија, Сицилија и Сардинија. На почетокот од 48 пр. н.е., се подготвил со седум легии да отплови за Грција и да се соочи со Помпеј. Цезар одбраната на Илирик им ја доверил на Гај Антониј, помладиот брат на Антониј, и на Публиј Корнелиј Долабела. Меѓутоа, тие биле поразени од Помпеј по што ја презел контролата врз Јадранско Море, а двете легии со кои командувале пребегнале на страната на Помпеј. Без нивната флота, на Цезар му недостасувале бродови за своите седум легии да ги пренесе во Грција. Се одлучил да отплови со само две легии, а другите пет ги ставил под команда на Антониј во Брундизиум со инструкции да му се придружат веднаш штом можат. На почетокот од 48 година пр. н.е., Луциј Скрибониј Либо станал командант на флотата од Помпеј, која се состоела од околу педесет галии.Broughton, p. 281Holmes, p. 127 За да го блокира Антониј, ја прераспоредил флотата кај Бриндизиум. Меѓутоа, Антониј со измама успеал да ја нападне и зароби дел од флотата на Либо.Holmes, p. 128 По заминувањето на Либо, Антониј во март 48 пр. н.е. му се придружил на Цезар во Грција.

За време на грчкиот поход, Плутарх запишал дека Антониј бил главен Цезаров генерал.Plutarch, Antony, 10 Антониј му се придружил на Цезар на западниот брег од Балканскиот Полуостров и ја опсадил побројната војска на Помпеј во Диракиум. Во јули, Цезар наредил ноќен напад врз логорот на Помпеј, но побројната војска на Помпеј го одбила нападот. Но, Помпеј не наредил контранапад врз логорот на Цезар, и му дозволил на Цезар непречено да се повлече во Тесалија, а Помпеј тргнал во негова потера.

Војската на Цезар се подготвила за битка со војската на Помпеј и зазела одбранбена позиција во рамнината кај Фарсал. Во Битката кај Фарсал на 9 август 48 пр. н.е., Цезар командувал со десното крило наспроти Помпеј, а Антониј командувал со левото, што укажува на статусот на Антониј како главен генерал на Цезар.Plutarch, Antony, 10 Битката завршила со решавачка победа за Цезар. По поразот на Помпеј, поголемиот дел од сенаторите преминале на страна на Цезар, а тоа го направиле и многу војници кои се бореле на страна на Помпеј. Помпеј побегнал во Птоломејски Египет, но фараонот Птоломеј XIII Теос Филопатор се плашел од одмазда од Цезар и наредил Помпеј да биде убиен по неговото пристигнување.

Гувернер на Италија